Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фотонапонски централи ќе се градат во ТИРЗ Струга и ТИРЗ Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фотонапонски централи ќе се градат во ТИРЗ Струга и ТИРЗ Струмица
Агровести

Фотонапонски централи ќе се градат во ТИРЗ Струга и ТИРЗ Струмица

Објавено 11/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Струга ќе се градат две фотонапонски централи со вкупна моќност од близу 8 MW. Двете централи ќе се градат во рамки на јавно-приватно партнерство со турската компанија Фидес Електрик енерџи, избрана на јавен повик. Јавниот повик беше отворен на крајот на ноември 2023г. во постапка согласно Законот за јавни набавки, во траење од 45 дена, под исти услови за домашни и странски компании, информираат од ТИРЗ.

Во рамки на повикот биле доставени две понуди. Една од избраната компанија, како и една од израелско – кинески конзорциум. Турската компанија ќе треба да изгради фотонапонски електроцентрали во двете зони со вкупна моќност од близу 8 MW. Согласно доставената понуда и спроведената аукција 10 проценти од приходите остварени од производството на електричната енергија компанијата е обврзана да ги уплаќа во државниот Буџет.

Договорот за јавно приватно партнерство се склучува на 25 години. По истекот на овој период, приватниот партнер е обврзан да ја пренесе сопственоста на фотонапонските централи на државата со 80 проценти производствен капацитет. Земјиштето останува сопственост на државата. Приватниот партнер ќе плаќа и годишна такса за земјиштето (наем) од 40 денари за м2.

-Со овие инвестиции, ТИРЗ има за цел да придонесе кон зајакнување на енергетските капацитети на државата, како и на забрзување на транзицијата кон економија базирана на зелена енергија што е глобален тренд. Токму пристапот до енергија од обновливи извори е барање односно приоритет за повеќето од странските компании кои работат односно имаат интерес да инвестираат во С.Македонија. Со фотонапонските централи директно се придонесува кон зголемување на атрактивноста за инвестирање во земјата, велат од ТИРЗ.

До крајот на месецов ќе биде објавен и нов повик за јавно приватно партнерство за изградба на фотонапонски централи, за која цел се определени над 40 хектари земјиште во ТИРЗ Скопје, Штип и Прилеп.

Станува збор за земјиште што не е погодно за вршење на друга дејност (индустрија) односно гранични парцели кои стојат неискористени над 15 години, а кои со оваа постапка ќе се стават во функција и ќе носат значителни приходи на државата. Јавниот повик ќе биде под исти услови како и успешно завршениот за ТИРЗ Струга и Струмица, подеднакво отворен за домашни и странски компании. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градатТИРЗ стругаТИРЗ Струмицафотонапонски централи
Претходен напис ЦУК: Седум пожари на отворено и апел за одржување и чистење на локалните канали за одводнување
Следен напис Утре променливо со дожд, локално во форма на невреме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?