Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светниколските земјоделци добија ветување дека ќе им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светниколските земјоделци добија ветување дека ќе им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште
Агровести

Светниколските земјоделци добија ветување дека ќе им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште

Објавено 06/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ние не сме правници, тоа што ни го кажувате не го разбираме. Ние сме земјоделци, нашата работа е на нивите, а  не да одиме по институциите, порачаа  светниколските земјоделци на  денешните средби со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во салата на Општина и со дополнителниот министер, Цветан Трипуновски во салата на Домот за култура во Свети Николе.

Земјоделците од Свети Николе во изминатите два дена бараа од институциите да им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште, на кои им се истечени на крајот на минатата година, иако уредно конкурирале во јуни 2023 година за продолжување на договорите.

-Вие сте Македонец, со тој преку телефоните што се препукувате од другата партија и тој е Македонец. Мене ме боле што ни ги избркавте децате, а сега не оставете и ни ги раскинувате договорите. Зошто не седнете вие двајцата да се договорите во кабинетот, да седнете и да речете дај да им ја решеме работата на овие луѓе. Мене ми е работа на нива, не ми е да одам на состаноци по канцелариите, вели Љубе Анастасов од Здружението „Овчеполски фармер“- Свети Николе.  

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски на земјоделците од Свети Николе им посочи дека утре ќе биде повикан дополнителниот министер Трипуновски, а како што рече договорите за закуп на земјоделско земјиште не им се раскинати, туку ќе бидат продолжени.

-Сите информации на Влада се подготвуваат и ќе бидат пуштени во владина процедура, ќе се носат одлуки на Влада и ќе се склучат договорите од страна на министерот, во целиот  овој период, за овие 200, за оние на кои им истекуваат во март, април исто така ќе следат постапки, никој да не се грижи дека во периодот што следи ќе има некаков проблем, рече Николовски на средбата со земјоделците од Свети Николе на коишто не им се продолжени договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Дополнителниот министер Трипуновски пак на средбата со истите земјоделци посочи дека не постои законска пречка за склучување на договори во овој период

-Постои многу елегантно решение без притоа да се прават какви било измени на Законот, а тоа е дека согласно поднесените барања од страна на земјоделците министерот по претходна одлука на Влада може да склучи договори за непосредна спогодба. Јас пред мене го имам и дописот од Државната комисија за спречување корупција, и од 2016 и од 2019 и сакам да цитирам дека не постои законска пречка, вели Трипуновски.

Земјоделците од здружението „Овчеполски фармер“ по средбата за МИА истакнаа дека оставаат рок до 3 април да им се продолжат договорите за закуп на земјоделско земјиште, доколку не се реализира ветеното во тој случај ќе протестираат и ќе блокираат патишта и улици низ Свети Николе.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ветувањедоговоритезакупземјоделско земјиштеСветниколските земјоделци
Претходен напис Полските земјоделци донесоа резервоар „агроабрамс“ до прозорецот на премиерот Туск
Следен напис Променливо облачно, на повеќе места пороен дожд, на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?