Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Конкурентните македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Конкурентните македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024
Магазин

Конкурентните македонски туристички производи промовирани на светската туристичка берза ИТБ Берлин 2024

Објавено 06/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година од 5ти до 7ми март, заедно со туристичкиот сектор се дел од интернационалната саемска манифестација ИТБ Берлин 2024. Светската туристичка берза ИТБ Берлин ги отвори вратите за илјадници туристички посетители кои нудат атрактивни и иновативни туристички продукти со фокус на одржливи туристички дестинации, а со тоа и поддршка на локалното производство и локалната економија.
 
Македонските туроператори Фибула, Бадемтур, Експириенс Балкан, ДМЦ Балкан, Маседониа Експириенс, Виш-ко и хотелијерите Ресорт Маврово, Хотел Тино Охрид, ТАВ Македонија, АБЦ рент а кар со конкурентна понуда и услуги ги промовираат можностите кои ги нуди Македонија на туристите од Германија. Германскиот туристички пазар станува приоритетен, поткрепено со фактот дека туристите од Германија се во првите пет по престој во земјава, со остварени 35000 туристички посети за 2023г.
 
На репрезентативниот штанд кој ги отсликува туристичките дестинации во земјава директорката на Агенцијата за туризам, м-р Јасмина Лескаровска потпиша Меморандум за соработка со цел да ја обновиме комуникацијата со германската организација “ASR”- Алијанса на независни туристички трговци која ги застапува интересите на самовработените средни бизниси во германската туристичка економија, со главниот фокус на основање на меѓународни партнерства. Потпишан е Меморандум на соработка со германската организација “FAR”- водечка мрежа на германски тур-оператори посветени на одржливост на дестинациите. Соработката е во насока на организирање на информативно патување во Македонија за сите заинтересирани туроператори од Германија кои ќе ја вклучат нашата дестинација во туристичките понуди за германските туристи. Благодарност до Швајцарската програма за промоција на извозот (SIPPO) за поддршката и отворената соработка за зајакнување на капацитетите и остварување на комуникација со туристичките ентитети од Германија.
 
Македонскиот туристички производ во балтичките земји. Работен состанок и запознавање Лескаровска оствари со Марија Лабовиќ, директор на туристичката организација на Србија. Туристичка размена во рамките на “Отворен Балкан” и можностите за промоција на регионот, реализација на проекти за одржливи дестинации се дел од темите за кои се разговараше, а од кои се очекува конкретни резултати во периодот што следи.
 
Македонскиот изложбен простор беше посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, г-дин Илбер Села, Аганијата за туризам искажува благодарност за одличната логистика и соработка со амасадата за зајакнета туристичка промоција на Македонија на германскиот туристички пазар.
 
Со својата единствена разновидност и учество на 180 земји и региони, со 5600 излагачи во повеќе од 23 хали ИТБ Берлин го покрива целиот синџир на туристички понуди. Сите учесници имаат силно влијание во туризмот кои ги рефлектираат најважните актуелни понуди кои оваа година ќе го вратат и надминат туризмот како глобален феномен.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ИТБ Берлин 2024македонски туристички производипромовиранитуристичка берза
Претходен напис ТИРЗ и ЏЕТРО ќе потпишат меморандум за соработка
Следен напис АФПЗРР: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?