Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зимава во Грција била најтопла досега
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Зимава во Грција била најтопла досега
Агропрогноза

Зимава во Грција била најтопла досега

Објавено 04/03/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зимата 2023-2024 година била најтоплата досега во Грција според прелиминарните податоци на службата за климатски промени на европската програма Коперник, кои ги анализира научниот тим на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува „Метео“, тримесечниот период декември 2023-февруари 2024 година во Грција се карактеризира со долги периоди со високи температурни вредности, кои далеку ги надминуваат нормалните температури за сезоната.

-Зимата 2023-2024 година е регистрирана како најтопла досега во Грција, надминувајќи ја зимата 2015-2016 година. Многу важен факт е дека во последните десет години се забележани шесте најтопли зими во земјата. Просечната максимална температура во Грција од 1960 до 2024 година за зимскиот период се зголемила за 1,8 степени Целзиусови, пишува „Метео“.

Во северна Грција, просечната максимална температура за зимата 2023-2024 година била два до три степени над просекот од периодот 1991-2020 година, додека во останатиот дел од земјата била за еден до два степени повисока. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:ГрцијадосегаЗимаванајтопла
Претходен напис ЦУК: Десет пожари на отворено во последното деноноќие, активен пожарот во општина Македонски Брод
Следен напис Според науката, јајцето е постаро од кокошката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?