Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши откупот на тутун, откупени 14.763 тони по рекордна цена од 365 денари, заедно со субвенциите достигна вкупна вредност од 465 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши откупот на тутун, откупени 14.763 тони по рекордна цена од 365 денари, заедно со субвенциите достигна вкупна вредност од 465 денари
Агровести

Заврши откупот на тутун, откупени 14.763 тони по рекордна цена од 365 денари, заедно со субвенциите достигна вкупна вредност од 465 денари

Објавено 01/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска оствари средба со земјоделците производители на тутун во Кривогаштани. На средбата беше заклучено дека е постигнат заеднички успех, откупено е целото производство од реколтата 2023 и тоа по рекордно висока цена од 365 денари по килограм.

„Сакам да ви се заблагодарам на вас тутунарите, кои со својата обединетост, заедно со нашата упорност како министерство, се изборивме да имаме рекорна откупна цена од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Ова е резултат на нашта успешна соработка, која ќе продолжи и во наредните години. Годинешниот откуп го завршуваме со откупени 14.763 тони тутун. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките, заедно со вас тутунарите, до најмала децимала го знаевме производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството. Уште во ноември минатата година, навремено ги започнавме разговорите со сите откупувачи на тутун потенцирајќи дека од нив очекуваме фер откупна цена, која ја почитува вашата мака“ рече министерот Николовски на средбата со производителите на тутун. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно ја следеше состојбата со производството и врз основа на тоа беше проектирана и можната количина на произведен тутун. Заедно со тутунарите во декември минатата година беше договорено зголемување за 20 денари на субвенциите, по класи предаден тутун. Мерка која навремено беше вградена во програмата за директни плаќања за 2024 година. Уште тогаш на тутунарите им беше соопштено дека на располагање повторно и оваа година го имаат истиот буџет од 26 милиони евра, како поддршка од држвата.  

За целиот период, остварени беа бројни средби и со производителите и со откупувачите на тутун. Целта на Министерството за фер цена која реално ќе го вреднува производството на тутун резултираше со наша упорност откупните компании да бидат коректни при откупот. При тоа и тутунарите беа обединети во своите напори и затоа нашата заедничка посветеност вроди со успех и приоднесе оваа година да имаме две зголемувања на цената. Најпрвин кон крајот на 2023 година, кога Тутунскиот Комбинат ја зголеми цената за 10% и потоа во февруари оваа година уште едно зголемување на откупната цена. Денес имаме рекордна, до сега највисока откупна цена на тутун од 365 денари по килограм тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот добива и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа или вкупно 465 денари за прва класа тутун.

Ние сме министерство кое искрено води грижа за секој земјоделец. Покрај фер откупна цена, за нас најважно е да обезбедиме и сигурен развој на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин се стекнуваат со право за користење на оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да креира мерки и политики за поддршка на сите земјоделци и за развој на домашното производство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:килограмНиколовскиоткуп на тутунцена
Претходен напис За викендот стабилно и потопло, од понеделник повторно дожд
Следен напис СН Осигурителен Брокер АД Битола ја исплати годишната камата од 6% на имателите на корпоративна обврзница
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?