Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларите од Пијанец и Малеш се едуцираа на тема ,,Празна кошница”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчеларите од Пијанец и Малеш се едуцираа на тема ,,Празна кошница”
Агровести

Пчеларите од Пијанец и Малеш се едуцираа на тема ,,Празна кошница”

Објавено 27/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на здружението ,,Пијанечка Пчела 2″ синоќа во Делчево се одржа предавање на тема „Празна кошница”. Предавач беше експертот од Република Србија, Владимир Млаѓан, а виталноста и одржливоста на пчелната заедница беа во фокусот.

-Најголем акцент ставивме на т.н. празна кошница која е актуелна и оваа година, а претставува комплекс од болести. Не можеме се да прикажеме, но пријдовме кон темата од аспект како да се подобри имунитетот и што тука може да се направи, рече Млаѓан.

Годината што измина, оцени, била добра во однос на родот.

-За жал, штетите беа големи. Резултатите до април ќе се знаат, бидејки страдаа многу пчели. Годинава треба да се следи појавата вароа. Иако е февруари, времето е топло, леглото почнува да се развива, а со тоа и вароата и затоа треба да повеќе да обрне внимание на нејзино спречување. Затоа ќе зборуваме за дезинфекција, додаде Млаѓан.

Според Јованчо Медарски, претседател на „Пијанечка Пчела 2″, ова е прво организирано предавање во 2024 година.

-Оваа работилница е во рамки на годишната програма и со неа ги почнуваме активностите за 2024 година. Предвидени се повеќе предавања, посета на саеми. Се надеваме дека од ова пчеларите ќе имаат голем бенефит, зашто заштитата на пчелните семејства е најважната работа во одржувањето на пчелите. Посебно се задржуваме на синдромот на губење на пчелите во услови кога има мед и полен, дополни Медарски.

Годинава здружението ќе се фокусира на работа со млади пчелари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МалешПијанецПразна кошницапчеларите
Претходен напис ЦУК: Вкупно девет пожари на отворено во последното деноноќие 
Следен напис Илјадници земјоделци протестираат во Варшава, со нив се рудари и автопревозници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?