Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Почист воздух е клучен аргумент во дебатата за потреба од гасна централа – здравјето и животот на моите сограѓани немаат цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Почист воздух е клучен аргумент во дебатата за потреба од гасна централа – здравјето и животот на моите сограѓани немаат цена
Агровести

Деспотовски: Почист воздух е клучен аргумент во дебатата за потреба од гасна централа – здравјето и животот на моите сограѓани немаат цена

Објавено 23/02/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енергетската транзиција на земјата, која вклучува и изградба на гасна централа треба неминовно да се спроведе најмногу поради тоа што ќе придонесе кон намалување на загадувањето, особено во Скопје.

„Секој ден дишеме загаден воздух. Вашите и моите деца дишат загаден воздух. Гасната централа на Митилинеос не само што ќе придонесе кон намалување на сметките за струја и парно, туку уште поважно ќе поттикне повеќе луѓе да се греат на парно со што ќе се намали примарниот извор на загадување, како што е греење на дрва и гуми. За мене овој аргумент можеби е најважен во целава дебата – здравјето и животот на моите сограѓани нема цена,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во денешното интервју за Слободен печат.

Во однос на дискусијата која се разви во јавноста дали ваков капацитет треба државата да гради сама или да го гради стратешки инвеститор Деспотовски појасни дека при пресметката мора да се земат сите фактори, а не само трошоците за градба. За ваквата централа во соседна Србија, што се посочува како пример од страна на опонентите на овој проект, Деспотовски вели.

„Дури и во случајот на соседна Србија државата се определила на партнерство со приватна компанија – руски Гаспром за спроведување на ваков проект. И да ги земеме во предвид тие параметри станува збор за некоја иницијална вредност која е близу до 250 милиони евра. Пари кои треба да се обезбедат – значи да се задолжи државата и да плаќа камати – стигнуваме до бројка од 400-420 милиони евра коишто треба да ги обезбеди државата само за да се изгради централата. Дополнително, ако државата е носител на проект, тогаш сите оние даноци на добивка, придонеси, дополнителни трошоци коишто приватниот инвеститор во овој случај ќе ги плаќа кон буџетот во наредните 20 години, коишто ги мериме некаде околу 100 милиони евра, ќе треба државата да ги обезбеди самостојно. Нешто што сите го забораваат е дека државата има обврска за две години од денеска да ги воведе тие ЦО2 тарифи кои веќе постојат во Европа. Енергијата од гас има пониски тарифи од енергијата од јаглен. Само за две години ако се доволно време да се подготви студија, да се организира меѓународен тендер, граѓаните на оваа држава ќе треба да платат дополнителни 100 милиони. Па така доаѓаме до некоја цифра, без трошоци за одржување на централата коишто секако државата ако гради самостојно ќе треба да ги обезбеди од некаде, доаѓаме до цифра од 600-700 милиони евра. И тие треба сега да ги дефинираме од каде ќе ги обезбедиме, за да можеме да влеземе како самостоен носител во ваков проект. Времето чини! Треба да учиме од успешни примери во светот, “ вели Деспотовски.


Според него клучен аргумент во овој случај е и од каде и по која цена државата ќе го обезбедува гасот.

„Грчкиот Митилинеос е голем играч на пазарот за електрична енергија. Станува збор за компанија која има скоро 7ипол милијарди годишен приход и има пристап до најевтиниот извор на гас во Европа, а тоа е референтната холандска берза ТТФ – пристап кој државното ЕСМ го нема.  Клучното прашање е по која цена државата ќе го обезбедува гасот. Еве во моментов плаќаме 53 евра за гас, што е двојно повеќе од цената која ја плаќа Митилинеос на холандската берза. Ние како мал потрошувач немаме пристап до холандската берза на гас, а грчката компанија има. И кога би влегле во таков проект прашањето е колку ќе чини гасот и од каде ќе се набавува,“ вели Деспотовски и додава дека сите овие елементи треба да се земат в предвид кога се прават пресметките и се носат одлуки.

Деспотовски додаде и дека според предлог договорот државата во Митилинеос ќе вложи 17% од трошокот за градба и тоа за централа со врвна европска технологија и целосно во согласност со моделите и искуствата во ЕУ. Според анализите за секое евро кое државата ќе го вложи, со сите пари од даноци, придонеси, заштеди на сметки и заштеда на цената на струјата, назад во буџетот ќе се вратат 6,5 или 7 евра во следните дваесет години.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аргументгасна централадеспотовскиздравјетоПочист воздух
Претходен напис Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд
Следен напис РКЕ: Дизелот поевтинува 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?