Срце полно кога ќе слушнам и видам на дело, колку нашите мерки и политики што ги спроведуваме им значат на земјоделците.
Александар е млад сточар од село Сојаклари, ведар, позитивен, вреден земјоделец кој има 300 овци, 10 крави и свое домашно вино, како што вели, за своја душа.

Заедно го нахранивме добитокот и се согласивме дека како никогаш досега, субвенциите не биле поредовно исплаќани.

Зборот го одржавме и од оваа година овозможуваме 100% зелена нафта за сите земјоделци. На почеток на март следува исплатата на дополнителните субвенции за сточарите, без калкулации, без притисоци во еден ден за сите. Знаат земјоделците, знае и Александар дека со нас се на чисто, и дека зборот е збор.

Ти благодарам домаќине за гостопримството – напиша на Фејсбук, министерот Љупчо Николовски.
