Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од средбата со земјоделците во Виница: Заедно креираме мерки што даваат резултати за земјоделците, да продолжиме заедно развивајќи го македонското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од средбата со земјоделците во Виница: Заедно креираме мерки што даваат резултати за земјоделците, да продолжиме заедно развивајќи го македонското земјоделство
Агровести

Николовски од средбата со земјоделците во Виница: Заедно креираме мерки што даваат резултати за земјоделците, да продолжиме заедно развивајќи го македонското земјоделство

Објавено 21/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Токму во Виница имаме повеќе успешни земјоделски приказни. Земјоделци кои успешно ги користат мерките што ги ставаме на располагање за поддршка до секој земјоделец. Мерки за развој на македонското земјоделство.

Тука, во Виница имаме успешни млади земјоделци и жени земјоделки, истакна министерот Николовски на денешната средба со земјоделците во Виница. Сточари кои ја искористиле мерката за набавка на приплоден добиток. Имаме успешни земјоделци што преку програмата за рурален развој го модернизирале своето производство, поставувајќи системи за наводнување, изградиле силоси, или ја искористиле мерката за набавка на трактори, мерките за грант поддршка на малите производители на храна и вино, како и повеќе од 25 успешни ИПАРД приказни. Близу 26 милиони денари вкупна поддршка која земјоделците од Виница ја имаат искористено преку мерките што им се ставаат на располагање.

Министерот Николовски пред земјоделците ги презентираше новите мерки за поддршка на земјоделците за 2024 година.

Од оваа 2024 година, сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка креирана во 2019 година и мерка по која како држава сме препознаени во регионот. Мерка од директна помош за секој земјоделец.

Министерот истакна дека оваа година сточарството е главен фокус во работата на министерството, каде се креирани повеќе нови мерки.

Од 4.000 на 12.000 денари се зголемува поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.

Зголемената поддршка кај овие мерки има за цел да даде поголем мотив, сигурност и поддршка во работата на сточарите, но и на долг рок, да даде резултати во зголемување на домашниот сточен фонд, производството на млеко и месо. Ова зголемување следува откако во 2023 година, преку новиот систем за контрола предвиден со новиот модел за субвенционирање, ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка. 

Министерот ги информираше земјоделците и за измените во Уредбата за директни плаќања. Каде преку последните измени на Уредбата овозможивме непречена исплата на заслужените субвенции до земјоделците, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците, преку оваа измена ќе можат правото на субвенции да го остварат врз основа на старите договори, додека продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Водиме искрена грижа за секој земјоделец. Посветено креираме мерки според потребите на земјоделците, преку кои постигнуваме одржливост и развој во македонското земјоделство. Мерки што даваат резултати за земјоделците.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ВиницаземјоделствоземјоделцитеНиколовскирезултатисредба
Претходен напис Николовски од Виница: Поддршката за малите производители на храна и малите винарии  даде резултати, за една година имаме регистрирани нови 2.508 регистирани оператори со храна и 91 мала винарија
Следен напис ЦУК: Изгаснати 18 пожари на отворено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?