Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Реализирана исплата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски: Реализирана исплата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје
Субвенции

Бачовски: Реализирана исплата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје

Објавено 14/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.

 По оваа основа се исплатени 442 милиони денари за 9751 лозаропроизводител.

 Висината на директните плаќања е 40.000 денари по хектар.

,, По административната обработка на пристигнатите апликации на јавниот повик кој траеше до 31.12.2023 година, АФПЗРР ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за лозарство. И оваа година ја запазуваме традицијата, односно поддршката за лозаропроизводителите доаѓа во пресрет на празнувањето на Свети Трифун – заштитникот на лозарите” – истакна директорот Бачовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на крајот на 2023 година ја изврши исплатата за мерката за оддржување на лозови насади со што со реализација на денешната исплата,  вкупната поддршка која ја добиваат лозарите е 52.000 денари по хектар. Лозаропроизводителите се и корисници на поддршката за субвенционирање на горивото за земјоделската механизација – зелена нафта за која во 2024 година во пресрет на бербата производителите на грозје ќе добијат субвенција за дизел гориво од 9.600 денари / хектар.

Може да ви се допадне

Лазарева на терен во ненајавени контроли со сектор контрола: Сакам лично на терен да видам како се спроведуваат контролите!
АФПЗРР: На 1 049 органски производители, исплатени 61 261 085 денари
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
Таг:442.6 милиони денариБачовскиИсплатенилозаропроизводители
Претходен напис Николовски: На сметките на 9741 лозар, исплатени се 442 милиони денари
Следен напис Николовски: Со законски олеснувања од 71 имаме 255 семејни винарии 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?