Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци испратија писмо до Мицотакис со нивните барања 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци испратија писмо до Мицотакис со нивните барања 
Агровести

Грчките земјоделци испратија писмо до Мицотакис со нивните барања 

Објавено 08/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Писмо со барања, што беа одлучени на состанокот во вторникот, доцна синоќа испратија земјоделците до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците бараат намалување на трошоците за производство преку неколку мерки како што се: намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, субвенционирање на средства и добиточна храна и укинување на ДДВ, 100 отсто надомест за загубениот приход од земјоделските производи, преземање мерки и контроли за запирање на праксата производи од други земји да се продаваат како грчки, како и воведување инфраструктурни проекти за заштита на земјата од поплави. 

Паралелно, во писмото, пренесени се и барањата на земјоделците од областа Тесалија што беше погодена од катастрофалните поплави во септември минатата година. 

На состанокот во вторникот на кој присуствуваа претставници на земјоделците од цела Грција беше одлучено засилување на активностите со симболични блокади на патиштата, автопатите и на граничните премини. 

Грчкиот премиер вчера порача дека Владата е отворена за дијалог со земјоделците, но само доколку останат отворени патишта. 

Земјоделците најавија дека доколку не бидат исполнети нивните барања и не им биде одобрена средба со Мицотакис, следната седмица, со трактори ќе се упатат кон Атина за да одржат голем протест.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:барањаГрчкитеземјоделциМицотакисписмо
Претходен напис Николовски ќе посети сточари и мали производители на храна во Берово
Следен напис ЦУК: Над 36 пожари на отворено за 24 часа, четири активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?