Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Прилеп по средбата со откупувачите на тутун: Тутунарите утре добиваат анаекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Прилеп по средбата со откупувачите на тутун: Тутунарите утре добиваат анаекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун
АгровестиСубвенции

Николовски од Прилеп по средбата со откупувачите на тутун: Тутунарите утре добиваат анаекси на договорите, со зголемена цена од 365 денари на целокупната предадена количина тутун

Објавено 07/02/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на ДИЗ Јане Станкоски и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски, денеска во Прилеп одржа редовен работен состанок со откупувачите на тутун. На состанокот со откупувачите се разговараше за тековниот откуп на тутун, просечната откупна цена, како и за мерки што би значеле доголорочен развој и одржливост на тутунопроизводството.

Како и секоја година така и оваа, навремено уште пред почеток на бербата и откупот, ги започнавме разговорите меѓу откупувачите и тутунарите, за да дојдеме до цена прифатлива за двете страни, цена која е фер и ја почитува маката на тутунарите.

„Нашата упорност, но и обединетоста на тутунарите, придонесе овие денови да гледаме уште едно зголемување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм. Овде во Прилеп договоривме дека и другите откупувачи ќе ја следат зголемената цена, и најдоцна до утре сите ќе направат анекси на договорите, за целокупната количина предаден тутун“, истакна по средбата со откупувачите на тутун министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека покрај цената, заедно со откупувачите на средбата се разговараше и за мерки и политики што треба да допринесат во сигурен развој и одржливост на тутунопроизводството.

“Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите, основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Оваа реклота за 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари  по килогам, субвенција за предаден тутун од прва класа. Вкупна поддршка за прва каласа тутун од  465 денари добива секој тутунар“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека во насока на уште поголем развој беше отворено прашањето и за измени во досегашниот закон за тутун. Веќе на 19 и 20 февруари е закажан нов состанок на кој работна група од министерството, заедно со претставници на откупувачите и тутунарите ќе ги разгледува предлозите за измени во законот за тутун.

Во рамки на теренските активности во Прилеп министерот Николовски изврши и посета на откупниот центар Пашовски, каде лично имаше можност да го види текот на откупот и да разговара со тутунарите.

Тутунарите се задоволни. Имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона. Претходното зголемување на цената беше уште во декември 2023 година, за 10% по одлуката која ја донесе Тутунскиот Комбинат Прилеп, а другите откупувачи и тогаш го следеа овој пример и ги зголемија цените.

Водиме искрена грижа за сите земјоделци. Креираме повеќе нови мерки поддржувајќи го секој еден земјоделец. Мерки според потребите на земјоделците, преку кои ќе постигнеме одржливост и развој во земјоделството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:365 денарианаексидоговоритеНиколовскиоткупувачитеПрилептутунТутунарите
Претходен напис Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ги чисти каналите за наводнување пред новата сеидбена сезона на оризот
Следен напис Рабочее зеркало Вавада для доступа к онлайн казино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?