Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ, а Словачка со најниски ренти 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ, а Словачка со најниски ренти 
Агровести

Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ, а Словачка со најниски ренти 

Објавено 29/01/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во 2022 година било најевтино во Хрватска, а најскапо на Малта, додека рентите биле најниски во Словачка, а највисоки во Холандија.

Според податоците на Евростат, цените и рентите на обработливото земјиште се разликуваат не само помеѓу членките на ЕУ, туку и помеѓу региони во самите земји, како резултат на широк спектар на фактори, меѓу кои националните законодавства, инфраструктурната поврзаност и капацитети, климатските услови, квалитетот на почвата, можноста за сопственост на странски државјани, како и од понудата и побарувачката. 

Така, помеѓу 21 земја членка за кои има достапни податоци за 2022 година, еден хектар обработливо земјиште во Хрватска во просек чинел 3.700 евра, што ја прави земја со најевтини земјоделски површна, додека за парцела со иста големина на Малта требало да се одвојат просечно 233.230 евра. Како главна причина за високите цени на обработливото земјиште на Малта се наведува неговата ограничена достапност на оваа мала островска држава. 

Од друга страна во три членки на ЕУ се регистрирани значителни разлики во цените на обработливо земјиште во зависност од регионот во кој се наоѓаат. Така, во Холандија, каде хектар обработливо земјиште во просек чинел 85.431 евра, во регионот на Фризија ораница со оваа големина можела да се купи просечно за 66.051 евра, а во Флеволанд за дури 150.644 евра за хектар. 

Во Грција, пак, каде националниот просек изнесувал 13.571 евра за хектар, во регионот Западна Грција, долж брегот на Јонското Море, хектар обработливо земјиште чинел 6.290 евра, во областа на Атика – 84.820 евра. 

Третата земја со драстични разлики во цената е Шпанија, каде во услови на просечна вредност од 10.263 евра за хектар, во регионот на Екстремадура за хектар земјоделско земјиште требало да се платат во просек 4.906 евра, а на Канарските Острови дури 83.299 евра. 

Региони со најевтино обработливо земјиште со шведските Горен Норланд и Централен Норланд, каде хектар во просек чинел 2.041, односно 2.437 евра. 

Рентите, пак, за земјоделско земјиште биле најниски во Словачка и во просек изнесувале 57 евра за хектар, а највисоки во Холандија – 843 евра. 

По региони, највисоки ренти за изнајмување обработливо земјиште имало во холандскиот регион Флеволанд од 1.764 евра за хектар, по што следат шпанските Канарски Острови со 1.136 евра и грчка Атика со 1.048 евра за хектар. Шведските Горен Норланд и Централен Норланд се региони и со најниски ренти во висина од по 24 евра за хектар, по што следуваат словачките Централна Словачка и Источна Словачка со по 39 евра. 

Кога станува збор за пасиштата, пак, нивната цена по хектар во 2022 година била за околу 2.200 евра пониска во однос на обработливите земјишта и во просек изнесувала 8.393 евра.  

Најголема разлика меѓу просечните цени на обработливите земјишта и пасиштата имало во грчките региони Атика и Северен Егеј, кој ги опфаќа островите во Егејското Море покрај бреговите на Турција. Така во Атика хектар обработливо земјиште во просек чинело 84.820 евра, а пасиште 25.000 евра, додека во Северен Егеј за „нива“ требало да се платат просечно по 36.435 евра за хектар, а за пасиште 1.757 евра. 

Од друга страна, рентите за пасиштата во просек биле најниски во Словачка, каде изнесувале 32 евра за хектар, а највисоки во Ирска од 354 евра. За споредба, просечната рента за обработливо земјиште во Словачка изнесувала 77 евра, а во Ирска 510 евра за хектар.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:еунајевтинонајниски рентиобработливо земјиштеХрватска
Претходен напис Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури
Следен напис Најстудено утрово во Крушево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?