Во изјава за Агротим, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, најави исплата на субвенции по неколку мерки.
–По последните исплати за основните субвенции за растително производство, може да се очекува исплата на основните субвенции за сточарско производство, подрачја со ограничени можности, дополнителни субвенции за индивидуалните земјоделци, за органските производители, дополнителните 3 денари за предадено јаболко во периодот 2022 – 2023 како и сите дополнителни директни плаќања од растителното и сточарското производство кои се поврзани со остварено производство – Изјави за Агротим, Бачовски и им порача на земјоделците да не се грижат дека да има застој на исплатата на субвенциите
-Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка које е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделтвото и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – потенција Бачовски.
