Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пенов: За регионален развој лани вложени 14 милиони евра или пет пати повеќе во споредба со 2016 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пенов: За регионален развој лани вложени 14 милиони евра или пет пати повеќе во споредба со 2016 година
Агровести

Пенов: За регионален развој лани вложени 14 милиони евра или пет пати повеќе во споредба со 2016 година

Објавено 24/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за годинава најави отворање на ИПА 3 Програмата која, во делот меѓугранична соработка, предвидува 100 милиони евра. За овие средства, објасни Пенов, покрај општините, планските региони и невладиниот сектор, прв пат ќе може да аплицираат и бизнисите. Проектите ќе добијат целосно финансирање од ЕУ и 15 отсто државна дотација.

Зборувајќи на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува денеска во рамки на конференцијата „Година на европски можности“, пенов рече и дека оваа година ќе биде целосно реконструиран Центарот за дијализа и нефрологија во Струга, а ќе се изгради и центар за згрижување деца со посебни потреби во Полошкит регион.

Според министерот, минатата година во регионален развој биле вложени пет пати повеќе средства во споредба со 2016 година. 

-Минатата, 2023 година во регионалниот развој можам да ја оценам како успешна. Ако во 2016 година тогашната власт вложувала 2,8 милиони евра во регионален развој, минатата година ја завршивме со рализација на 14 милиони евра вложени во општините и регионите. Лани реализиравме 135 успешни проекти по избор на општините, односно граѓаните. Изградивме патна инфраструктура, но најзначајниот акцент го ставивме на противпожарната заштита. Нема општина во државата која не доби нова опрема и средства за противпожарна заштита. Наша грижа беше да вложуваме за сите граѓани, без оглед на партиски, верски или етнички припадности, рече Пенов и посочи пример на реализирани проекти.

Тој потенцира дека приротет на Владата и натаму е зголемување на средствата за рамномерен регионален развој. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:14 милиони еврапеноврегионален развој
Претходен напис Николовски: Македонското земјоделство е успешен модел и пример за искористување на европските пари
Следен напис Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?