Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, распоредени во 34 региони и 878 катастарски општини.
Јавниот повик бр. 02/23 опфаќа 206 катастарски општини во 10 региони:
- Берово
- Пехчево
- Битола
- Македонски Брод
- Валандово
- Виница
- Гевгелија
- Прилеп
- Штип
- Велес
Листа на катастарски општини
| Регион Берово |
| КО Смојмирово вон град, КО Смојмирово, КО Русиново, КО Мачево, КО Будинарци, КО Митрашинци, КО Двориште, КО Ратево и КО Владимирово |
| Регион Пехчево |
| КО Чифлик, КО Умлена, КО Робово, КО Негрево и КО Панчарево |
| Регион Битола |
| КО Брод, КО Крклино, КО Лопатица, КО Градешница, КО Новаци вон град, КО Црновец, КО Маково и КО Лавци |
| Регион Македонски Брод |
| КО Русјаци, КО Ореовец, КО Дреново, КО Локвица, КО Манастирец и КО Лаг; |
| Регион Валандово |
| КО Казандол, КО Марвинци, КО Пирава вон град, КО Јосифово и КО Терзели |
| Регион Виница |
| КО Блатец, КО Калиманци, КО Грљани, КО Трсино, КО Пекљани, КО Драгобраште, КО Градец, КО Липец, КО Виничка Кршла, КО Јакимово и КО Црн Камен |
| Регион Гевгелија |
| КО Богородица, КО Давидово, КО Кованец, КО Миравци вон град, КО Петрово, КО Габрово, КО Смоквица, КО Негорци, КО Ново Конско, КО Мрзенци, КО Прдејци, КО Богданци ван град, КО Ѓавато, КО Селемли, КО Фурка, КО Стојаково, КО Црничани и КО Сретеново |
| Регион Прилеп |
| КО Алинци, КО Беловодица, КО Беровци, КО Бешиште, КО Бонче, КО Вепрчани, КО Веселчани, КО Витолиште, КО Волково, КО Врпско, КО Галичани, КО Голем Радобил, КО Големо Коњари 1, КО Големо Коњари 2, КО Гуѓаково, КО Дабница, КО Дрен, КО Дуње, КО Ерековци, КО Живово, КО Загорани, КО Кадино Село, КО Кален, КО Канатларци, КО Клепач, КО Кокре, КО Крушевица, КО Крстец, КО Леништа, КО Лопатица, КО Мажучиште, КО Мал Радобил, КО Мало Коњари, КО Мало Рувци, КО Манастир, КО Марул, КО Никодин, КО Ново Лагово, КО Ореовец, КО Пештани, КО Плетвар, КО Подмол, КО Полчиште, КО Прилепец, КО Присад, КО Ракле, КО Селце, КО Смолани, КО Старо Лагово, КО Топлица, КО Тројаци, КО Тополчани, КО Тројкрсти, КО Царевиќ, КО Чаниште, КО Чепигово, КО Чумово, КО Шелеверци, КО Штавица, КО Бело Поле, КО Браилово, КО Вранче, КО Горно Село, КО Гостиражни, КО Дабјани, КО Дебреште, КО Дебреште ван град, КО Десово, КО Долгаец, КО Долнени, КО Долнени ван град, КО Дреновци, КО Дупјачани, КО Житоше, КО Забрчани, КО Заполжани, КО Зрзе, КО Костинци, КО Кошино, КО Кутлешево, КО Лажани, КО Локвени, КО Мало Мраморани, КО Маргари, КО Небрегово, КО Новоселани, КО Пешталево, КО Рилево, КО Ропотово, КО Сарандиново, КО Секирци, КО Сенокос, КО Слепче, КО Сливје, КО Средорек, КО Стровија, КО Црнилиште, КО Бела Црква, КО Боротино, КО Воѓани, КО Врбјани, КО Годивје, КО Кореница, КО Кривогаштани, КО Кривогаштани вон град, КО Крушеани, КО Обршани, КО Пашино Рувци, КО Подвис и КО Славеј |
| Регион Штип |
| КО Селце, КО Калузлија, КО Долани, КО Радање, КО Ново Село, КО Доброшани, КО Шашаварлија, КО Криви Дол, КО Судик, КО Чардаклија, КО Суво Грло, КО Врсаково, КО Пенуш, КО Долно Трогерци, КО Батање и КО Никоман |
| Регион Велес |
| КО Белештевица, КО Ветерско, КО Војница, КО Башино Село ван град, КО Грнчиште, КО Долно Врновци, КО Извор, КО Иванковци, КО Каласлари, КО Кумарино, КО Оморани, КО Оризари, КО Отовица ван град, КО Раштани, КО Сојаклари, КО Црквино, КО Чашка и КО Чичево |
За какво земјиште може да се достави понуда
Предмет на постапката на овој повик може да биде земјоделско земјиште во државна сопственост над кое:
- нема подигнато насад;
- нема востановено право на закуп;
- нема востановено право на плодоуживање;
- за кое не се води постапка за денационализација; или
- постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп.
Површината за која што може еден понудувач самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една, повеќе или дел од катастарска парцела) изнесува најмногу 3 хектари.
За целосна и навремена подготовка на понуди можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете ни e-mail на [email protected]
Намена и времетраење на закуп
Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост е за:
- подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години
- подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години
- подигање на маслинарници за период до 50 години
- одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години
- ливади за период до 15 години
- за одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години
- рибници до 20 години
Кој може да достави понуди
На јавниот повик може да учествуваат:
- домашни физички и правни лица; и
- странски правни лица.
Секој понудувач може да достави само една понуда.
Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица, поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лице имаат право на учество на јавниот повик и можат да достават само една понуда за учество.
Физичките лица треба да се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).
Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот повик доколку имаат регистрирано подружници во Р.С. Македонија.
На домашните и странските правни лица или нивните подружници, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.
На јавниот повик не може да учествуваат лица кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на: персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување.
На јавниот повик немаат право да учествуваат правни лица за кои е отворена стечајна постапка и непрофитни организации.
Најнизок износ на годишна закупнина
Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните лица е во износ на просечна годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.
Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да го понудат заинтересираните понудувачи:
| Р. бр. | Регион | Годишна закупнина (ден./ха) |
| 1. | Берово | 4.875,00 |
| 2. | Пехчево | 3.451,00 |
| 3. | Битола | 9.000,00 |
| 4. | Македонски Брод | 7.887,00 |
| 5. | Валандово | 17.567,00 |
| 6. | Виница | 4.919,00 |
| 7. | Гевгелија | 13.400,00 |
| 8. | Прилеп | 5.566,00 |
| 9. | Штип | 6.831,00 |
| 10. | Велес | 8.872,00 |
За целосна и навремена подготовка на понуди можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете ни e-mail на [email protected]
Постапка за избор на најповолен понудувач
Изборот на најповолен понудувач во постапка по јавен повик за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласно Правилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач на земјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп и определување на големината на површината на земјоделското земјиште кое може да се даде во закуп (“Службен весник на Република Македонија” бр.12/08, 26/12, 2/13, 158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27 /16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.16/20), и тоа врз основа на следните критериуми:
- оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик – 65 бодови
- понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови
- правниот статус на понудувачот –10 бодови
Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот повик значи дека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарска општина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач е подружница на домашно правно лице се зема предвид седиштето на правното лице кое ја основало подружницата.
Критериумот понудена годишна закупнина по хектар се бодира согласно формулата понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишна закупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да се добијат согласно овој критериум при што:
С= (П/Пмах) х 25 С -број на бодови
П – понудената закупнина
Пмах- највисока понудена закупнина
Критериумот правен статус на понудувачот се бодира со максимален број на бодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност или осигуреник во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделското земјиште. Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може да биде поголема од 3 хектари.
Договорот за закуп со избраниот понудувач се склучува во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за избор на најдобар понудувач.
Доколку во рок од 30 избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на извештајот за евалуација на понудите изготвен од страна на надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп во рокот е должен во рок од 15 дена од истекот на рокот за склучување на договорот за закуп на име надоместок на штета да плати износ во висина на понудената годишна закупнина.
Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт.
Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој закон за давање на земјоделското земјиште во државна сопственост во закуп или плодоуживање.
За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.
За целосна и навремена подготовка на понуди можете да нè контактирате на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете ни e-mail на [email protected]
