Заедно со државниот секретар во Министерството за насворешни работи Филип Тосевски остваривме средбa со заменик-директорот на Државниот секретаријат за економски прашања, Мартин Саладин и заменик-директорката на Швајцарската агенција за развој и соработка, Катарина Помпилио.
Разговаравме за поддршката и помошта на Швајцарската агенција за развој и соработка која во континуитет трае за демократскиот напредок и економскиот развој на Северна Македонија.

Швајцарија е една од нашите најголемите билатерални партнери за соработка која преку Стратегијата за соработка има значајна улога и придонес во реформските процеси за продолжување на интеграцијата во ЕУ и во напорите за постигнување на целите за одржлив развој.
Со заедничка координација и правично насочување на развојните проекти Швајцарија ќе продолжи да ја поддржува нашата ЕУ агенда и со новата Програма,во периодот 2024-2028 година.
Фејсбук статус на Дрита Абдиу Халили – Државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
