На 10 јануари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека се распишани четири јавни повици за добивање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку овие четири повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно повикот опфаќа површини вон градско подрачје.
Интересот на земјоделците е огромен, што може да потврдиме и со јавувањата во Агротим, но има неколку прашања што ги поставуваат, а се однесуваат на тоа кои парцели се и како да аплицираат.
За да биде појасно, кога е Јавен ПОВИК во прашање се работи за државна земјоделска земја во атарот на селата која е слободна, не се користи или се обработува без договор и со овој повик се овозможува за истата земјоделските производители да аплицираат и да склучат договор со МЗШВ.
Кај ЈАВНИОТ ОГЛАС, МЗШВ ги објавува површините со точно утврдени катастраски парцели (КП), а кај ЈАВНИОТ ПОВИК, министерството ги повикува сите кои се заинтересирани да аплицираат за површини кои сакаат, согласно уврдените критериуми.
За таа цел најнапред треба да се види кои парцели се слободни, а тоа најдобро е да се направи во Подрачната единица на МЗШВ. Може да биде и дел од парцела и повеќе парцели, само вкупно да не е повеќе од 3 ха. Откако ќе се провери во ПЕ дали некоја катастарска парцела е слободна, се вади имотен лист од катастар и потврда од Општината дека бараната КП е надвор од градежен реон. Потоа треба да се изготви геодетски елаборат, бизнис план и заедно со потребните документи кои се наведени во повикот, да се аплицира. Para entender slots (RTP/volatilidad), esta guía sirve: cómo funcionan las slots explicado simple.
За целата оваа постапка, потребни информации, како и изработка на бизнис план можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим. Повикот е отворен до 8 февруари, затоа побрзајте со аплицирањето.
За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]
