Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стојкоски: Повиците за земја до 3 ха се одлична мерка на МЗШВ за земјоделците, интересот е голем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стојкоски: Повиците за земја до 3 ха се одлична мерка на МЗШВ за земјоделците, интересот е голем
АгровестиЈавни огласи и повици

Стојкоски: Повиците за земја до 3 ха се одлична мерка на МЗШВ за земјоделците, интересот е голем

Објавено 11/01/2024
Сподели
5 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0068.JPG
Сподели
Ad imageAd image

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша четири јавни повици за добивање по закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, рапоредени во 34 региони во 878 катастерски општини. Преку овие четири повици се опфаќа земјоделското земјиште во сите села низ државата, односно повикот опфаќа површини вон градско подрачје.

-Една од целите која ја зацртав на самиот почеток на мандатот беше земјата да дојде во рацете на вистинските земјоделци. Изминатиов период објавивме неколку повици и огласи за земја, склучивме илјадници договори, имавме благодарни земјоделци на кои им решивме децениски проблем со земја која немаше правен статус, а како држава ефектот беше намалување на земјоделските површини кои не се обработуваа со години. Последниве 4 јавни повици за земја до 3 ха наиде на одличен прием кај земјоделците уште првиот ден од објавата што е уште една потврда дека носиме добри мерки кои се во интерес на земјоделските производители и на вкупниот македонски аграр – изјави за Бриф, министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Јавните повици за земја до 3 ха наидоа на одличен прием кај земјоделските производители кои веќе користат земјоделски површини за кои немаа договори поради правни проблеми. Со овие повици им се овозможува да ги регулираат површините, а за државата тоа значи системско решавање и евиденција на обработливото земјоделско земјиште.

-Повиците се за поздравување, доста земјоделци кои ја обработуваа земјата без договори, сега можат да се пријават и да работат легално. Исто така и други земјоделци на кои им треба земја, имаат замислено нешто да произведуваат сега можат да се пријават и да си добијат земја. Овие повици се одлични за помалите земјоделски производители, потенцира Петре Стојковски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Намената и времетраењето на закупот за кое се издава земјоделското земјиште во државна сопственост се: Подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, за период до 30 години; подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години; подигање на маслинарници за период до 50 години; одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години; ливади за период до 15 години; за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години и рибници до 20 години.

Јавниот повик бр.01/23 опфаќа 11 региони (Гостивар, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Кисела Вода и Чаир), со објавени 246 катастерски општини.

Кај вториот Јавен повик бр.02/23 опфатени се 10 региони (Берово, Пехчево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Прилеп, Штип и Велес), со објавени 206 катастерски општини.

Јавениот повик бр.03/23 опфаќа 13 региони (Делчево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, Неготино, Струмица, Пробиштип, Радовиш и Гази Баба), со објавени 344 катастерски општини.

Кај четвртиот Јавен повик бр.04/23 опфатени се 7 региони (Кавадарци, Росоман, Неготино, Валандово, Делчево, Виница и Гевгелија), со објавени 82 катастерски општини. Овој јавен повик се однесува за доделување на земјоделско земјиште на кое веќе има подигнато долгогодишен насад и на кое можат да аплицираат сопствениците на тој насад со цел да го регулираат правото на користење на тоа земјиште.

Право на учество на јавниот повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Рокот за поднесување на апликации е 30 дена од денот на распишувањето на јавните повици.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонските броеви:
 070 267 789
 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:земјамеркимзшвниколовскиповици
Претходен напис Во Кумановско стабилна состојбата со африканска чума кај свињите
Следен напис Как войти в Вавада казино через зеркало просто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?