Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата одлучи да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците на 7 и 8 јануари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата одлучи да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците на 7 и 8 јануари
Агровести

Владата одлучи да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците на 7 и 8 јануари

Објавено 04/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на денешната седница одлучила да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници на 7 и 8 јануари 2024 година.

-Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика. 

Препораката што беше донесена на 214-та седница на Владата предвидуваше за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач беше Министерството за економија. Како што информира тогаш владината прес-служба, целта на оваа препорака била да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:78 јануариВладатакиосцитеодлучипрепоракатапродавницитештандовите
Претходен напис Екстремниот студ го нарушува нормалниот живот во северозападна Европа
Следен напис Променливо облачно, магливо по котлините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?