Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант
Јавни огласи и повици

Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант

Објавено 03/01/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант

Држава: Република Северна Македонија

Агенција за имплементација: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија

Проект: Проект за модернизација на земјоделството

Заем бр.: 9037 – МК

Датум: 13 декември 2023 година

Основни информации

Владата на Република Северна Македонија презема напори за модернизација на земјоделскиот сектор со цел остварување на економските и социјалните придобивки за идниот развој и просперитет. Владата побара поддршка од Светска банка за Проектот за модернизација на земјоделството (ПМЗ), кој беше одобрен од Бордот на извршни директори на Светска банка на 30 јануари 2020 година и стапи во сила на 18 јуни 2021 година.

Поткомпонента 1.1 – Пристап до обуки и советодавни услуги

Поткомпонентата на Проектот има за цел да обезбеди висококвалитетни обуки и советодавни услуги за земјоделски производители и агробизниси. Овој повик се однесува на предвидената финансиска поддршка за производители и агробизниси низ Северна Македонија во форма на мечинг грантови за советодавни услуги од страна на квалификувани експерти кои ќе бидат финансиски поддржани со најмалку 50% од грантовата шема на Проектот за модернизација на земјоделството. Советодавните услуги поддржани од проектот се очекува да го подобрат пристапот до квалитетни совети за областите наведени подолу во делот „Потребни профили и експертиза“ во овој повик.

Повик за експерт

Ќе се формира пул на регионални експерти за поддршка на производители и агробизниси во Северна Македонија.

Бараме „изразување на интерес“ од страна на експерти кои можат да обезбедат висококвалитетна помош и советодавни услуги за земјоделските домаќинства и бизниси. Целта е да се поддржат и подобрат продуктивноста, профитабилноста и одржливоста на земјоделските активности со експертска поддршка од регионот за корисници во Северна Македонија.

Потребни профили и експертиза

Бараме експерти со искуство во следните области:

  • Климатски-паметни технологии [1]
  • Управување со фарма и деловно планирање;
  • Агрономија и растително производство;
  • Зачувување на почвата и водата;
  • Развој и маркетинг на агробизнисот;
  • Органско производство;
  • Технологија на обработка;
  • правни советници;
  • Истражување на пазарот;
  • Приспособување и ублажување на климатските промени;
  • Сите други поврзани области за поддршка на производството и преработката на овошје и зеленчук предложени од експертите.

Бараме експерти кои имаат:

  • Релевантно образование во една од горенаведените области;
  • Најмалку 5 години релевантно искуство во горенаведените области;
  • Активно познавање на јазиците од балканската група;
  • Активно познавање на англиски јазик.

Како да изразите интерес

Доколку имате искуство во обезбедување техничка помош и советодавни услуги за земјоделските домаќинства и бизниси во регионот на Западен Балкан, ве охрабруваме да поднесете изразување на интерес. Избраните експерти ќе бидат вклучени во базата на податоци што ќе се користи за обезбедување услуги на различни клиенти од земјоделскиот сектор, вклучително и малите земјоделци, средните агробизниси и големите комерцијални операции за време на спроведувањето на грантовата шема во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството.

За да бидете земени предвид, ве молиме поднесете ги следните документи:

Кратка биографија (CV) со детали за вашето искуство и квалификации;

Кратка изјава за интерес во која се наведува на кој начин сте во можност да придонесете кон нашите напори за поддршка на земјоделските домаќинства и бизниси со вклучени препораки од најмалку тројца претходни клиенти или работодавци;

Изразувањата на интерес мора да бидат доставени во писмена форма на имејл адреса наведена подолу до среда, 31 јануари 2024 година.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Овластено лице: г. Трајан Димковски, проектен директор

Ул. Аминта Трети бр. 2

1000 Скопје, Северна Македонија

Имејл адреса: [email protected] 


[1] Климатски-паметни технологии како што се управување со почвите, подобрено хранење на добитокот, зачувување на почвата, бариери за заштита од ветер, мулчирање/покривка на почвата, подобрена ефикасност на наводнувањето, складирање на вода/жетва при дожд, мрежи за засенчување/против град, третман на ѓубриво, одводнување , употреба на ѓубрива и биоѓубрива, компост, интегрирано управување со штетници, соларно ладење, соларни системи за греење и опрема за енергетска ефикасност во преработувачките капацитети, соодветно складирање на жито за ограничување на наездата на штетници меѓу другото.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Претходен напис Почна садењето лути пиперки во струмичко Банско
Следен напис Променливо облачно, магла и повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?