Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ги доделивме првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ги доделивме првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД 2 програмата
Агровести

Ги доделивме првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД 2 програмата

Објавено 28/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска пред крајот на оваа година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, ги доделија првите 13 договори од последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата.

Последниот јавен повик, беше отворен само за мерката 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, објавен на 04.08.2023 година, а отворен за аплицирање до 03.10.2023 година. На јавниот повик прифатливи беа инвестиции само во набавка на опрема вклучително и фотонапонски панели. Инвестиции во градби не беа прифатливи од причина што имплементацијата на ИПАРД 2 програмата завршува на 31.12.2024 а реализацијата на инвестициите е предвидена до 31.05.2024.

Расположлив буџет на повикот беше 8.818.187 милиони евра, вкупно ЕУ средства заедно со национално кофинансирање, истите потекнуваат од корисници кои не ги реализирале своите инвестиции заради различни причини.

„За да го надминеме ова и да им излеземе во пресрет на компаниите, овозможивме преку јавен повик повторно да ги ставиме на располагање заостанатите средства. Пристигнаа 58 апликации, од кои по евалуацијата 16 се одбиени, 13 договори ќе доделиме денес, а за останатите во тек е проверката на референтните цени.  По завршувањето на целиот процес, очекуваме вкупно за овој повик да бидат склучени  околу 40 договори со вкупна вредност на финансиска поддршка од 4,5 до 5 милиони евра. Денеска, предновогодишно ќе ги доделиме првите 13 договори во вредност од 1.3 милиони евра, пари кои ќе бидат инвестирани во набавка на нова опрема за производство, преработка или складирање на вино, месо и месни производи, овошје, зеленчук, легуминози, мелнички производи, живина и јајца како и за набавка на фотонапонски панели“ изјави министерот Николовски.

На настанот кој помина во позитивна атмосфера и во знакот на успехот на ИПАРД 2 програмата, беше потенцирано дека инетересот за оваа програма е толку многу зголемен што навистина реално ги оправдува напорите на Министерството и Платежната агенција за максимално искористување на сите средства.

Министерот Николовски им честиташе на сите и им посака успешна реализација на инвестициите.

„Ви благодарам за соработката и за довербата. Заедно успеавме да ги искористиме сите средства од ИПАРД 2 програмата и да ги инвестираме дома за помодерно и конкуретно производство. Знам дека знаете но сепак со гордост повторно ќе кажам дека ние сме лидери во регионот. Се надевам дека ова лидерско место ќе го оправдаме и со ИПАРД 3“ потенцираше министерот Николовски и им ги честиташе новогодишните празници на сите присутни.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:13 договориИПАРД 2јавен повикпрвите
Претходен напис Ковачевски: Субвенциите за тутунот на историски највисоко ниво, сумата од 26 милиони евра ќе важи и наредната година
Следен напис Сончево, тивко и топло до 17 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?