Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година
Агровести

МЗШВ: Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година

Објавено 22/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија денеска на посебна тематска владина седница за земјоделство донесе повеќе одлуки во интерес на земјоделците.

До крајот на годината следува реализациајта на 30% авансна исплата на субвенциите, новост предвидена со новиот модел за субвенционирање. 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски кутлури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите.

Млекопроизводителите до крајот на годината на своите сметки ќе ги добијат премиите за произведено и предадено млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година. Исплата во вредност од 257 милиони денари.

Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од  40.000 денари по хектар се зголемува на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари.

На денешната тематска владина седница, Владата донесе одлука до 30 декември 2023 да се продолжи рокот за аплицирањето на земјоделците за дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Ваквото продолжување следува по барање на земјоделците, со цел навремено аплицирање за дополнителните субвеници.

Земјоделците можат да аплицараат за следните дополнителни мерки

  • „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
  • „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
  • „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Земјоделците своите барања ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Влададиректни плаќањамеркисубвенции
Претходен напис Николовски во Делчево најави континуирана поддршка на рамномерниот регионален развој
Следен напис Влада: Сточарите до крајот на годината ќе ги добијат премиите за млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?