Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски во Делчево најави континуирана поддршка на рамномерниот регионален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски во Делчево најави континуирана поддршка на рамномерниот регионален развој
Агровести

Николовски во Делчево најави континуирана поддршка на рамномерниот регионален развој

Објавено 22/12/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари работна посета на Општина Делчево. Заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и градоначалникот на Делчево Горан Трајковски направија увид на новоизградениот градски пазар. 

Како инвестиција поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку мерката 123 од Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, изградбата на овој капитален проект, како што рече Николовски, беше децениска желба и реална потреба на граѓаните во општина Делчево. 

-Граѓаните на општина Делчево првпат во историјата на градот добиваат модерен и современ затворен градски пазар. Новиот модерен градски пазар се протега на површина од 2.408 квадратни метри, располага со 18 дуќани и 192 продажни пунктови. Вкупната вредност на овој капитален проект изнесува 45 милиони денари, заеднички реализиран од Буџетот на општина Делчево и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Центарот за развој на Источно-планскиот регион. Вкупната вредност на проектот е 43,5 милиони денари, рече Николовски.

Во првата фаза од изградбата, како што потенцираше, 7 милиони денари биле обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а 7,9 милиони денари како обврска на Општина Делчево. За втората фаза од изградбата обезбедени се средствата во висина од 13,9 милиони денари од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија преку Источно-планскиот регион, а 14,5 се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

-Изградбата на овој пазар ќе го направи Делчево, како погранично место, економски центар, не само за градот, туку и регионот. Новиот пазар е по теркот на другите големи и современи пазари. Пазарџиите денес можат на модерни тезги, со обезбедени квалитетни санитарни услови, поголема хигиена и по сите стандарди, без проблем да вршат продажба на своите земјоделски производи или производи од текстил и облека. Модерен пазар изграден за вас и за сите делчевци. Овој голем и значаен капитален проект за општина Делчево е резултат на посветеноста и силната заложба на градоначаникот на општина Делчево, Горан Трајковски со кој решивме еден голем проблем на граѓаните од општина Делчево, додаде Николовски.

Како Министерство, како што рече, континуирано вложуваме во поддршка на рамномерниот регионален развој, преку конкретни мерки за поддршка на општините во зајакнување на инфраструктурата и вложување во развој на руралните средини. Нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантво преку Програмата за рурален развој поддржува проекти кои се насочени конкретно кон развој на општините, развој на руралните средини, проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.  

Во таа насока министерот Николовски спомена дел од реализираните проекти во општина Делчево преку Програмата за рурален развој, потенцирајки дека покрај изградбата на градскиот пазар, обезбедиле поддршка за реконструкција на локалениот пат Л3 (Делчево-Очипала-Драмче-Вратиславци), поддршка на проект за изградба на фекална канализација во населба Бесарица и во дел во населба покрај локалниот пат од село Киселица до село Вратиславци, како и изградба на улици во населба Басарица. 

-Поддржани проекти на општина Делчево за периодот од 2017 до 2022 година, во вредност од 44,7 милиони денари. Преку мерките, 112, 113 и 115 на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за Делчево како земјоделска општина, сме дале поддршка на дваесет апликации за поддршка на млади земјоделци со грант од 10.000 и 20.000 евра и поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство со грант од 3.000 евра, изјави Николовски. Додаде дека Министерството и Владата продолжуваат посветено да вложуваат во подобрување на условите за живот на граѓаните. 

Тој упати апел до земјоделците на време да аплицираат и за дополнителите директни плаќања од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Земјоделците своите барања ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб-страницата од  АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потребно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДелчевоНиколовскиподдршкарегионален развој
Претходен напис Како да се сочува умерениот број килограми, но и здравјето по празниците
Следен напис МЗШВ: Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?