Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и РЕФОРД со цел заедничко спроведување на кампања за јакнење на јавната свест против илегалната сеча на шумите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и РЕФОРД со цел заедничко спроведување на кампања за јакнење на јавната свест против илегалната сеча на шумите
Агровести

Потпишан меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и РЕФОРД со цел заедничко спроведување на кампања за јакнење на јавната свест против илегалната сеча на шумите

Објавено 19/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, минисерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, потпиша меморандум за соработка со Регионалниот центар за шумарство и рурален развој (РЕФОРД), со цел заедничко спроведување на кампања за јакнење на јавната свест против илегалната сеча на шумите во рамките на проектот “Борба против илегални шумски активности”, спроведуван од РЕФОРД во соработка со Шумската служба на САД – United States Forest Service.

Целта на проектот е да се зголеми свеста и знаењето поврзани со нелегалните активности во шумите и да се споделат најдобрите практики во борбата против истите.

Општествено внимание кон шумите како еден од најважните терестични екосистеми на планетата Земја, во услови на менување на климатските услови и нивното влијание по здравјето и виталноста на шумските ресурси и екосистемските услуги кои шумите ги обезбедуваат е се поголемо.

Сепак, според наодите на Gobal Forest Watch, од 2001 година Северна Македонија изгубила 38.600 хектари шумска покривка, што е еквивалентно на намалување од 4,9%. Шумските пожари и нелегалната сеча се посочени како главни причини за уништување на шумите.

Илегалната сеча е сериозен и долгорочен проблем, со кој шумската полиција секојдневно се соочува на терен, при што не се ретки ситуациите во кои животот на шумските полицајци е доведен во опасност во борбата против организирани групи на дрвокрадци.

Токму затоа, искуството на РЕФОРД и Шумската служба на САД, ќе придонесе да ја подигнеме свеста кај целокупното население за значењето на шумите и штетите кои се предизвикуваат и врз шумскиот фонд и врз шумскиот биодиверзитет со нелегалното сечење на шумите.

Постигнување на поширок општествен интерес за поддршка на руралниот развој преку одржливо управување со природните ресурси е заедничката цел на овој мемеорандум за соработка.

Покрај другите цели, РЕФОРД има за цел да обезбеди и поддршка во вмрежувањето на сопствениците на приватни шуми на Балканот, преку својата платформа за соработка „Балканска мрежа“ и тоа ќе го прави се додека располага со соодветни ресурси и поддршка од националната здруженија на приватни шуми во регионот. Во моментов, во „Балканската мрежа“ учествуваат 6 национални организации на сопственици на шуми од Балканот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија.

Имајќи ги предвид горенаведените факти, очекуваме кампањата „Нелегални шумски активности’’ да ја оствари својата цел и да придонесе за повисоко ниво на свест кај сите граѓани, во борбата против нелегалната сеча на шумите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кампањамеморандумМЗШВРЕФОРДсоработкашумите
Претходен напис Житарките и ароматизиранот јогурт потенцијално неблаготворни за шеќерот во крвта
Следен напис Зошто ги пуштаме козите на снег – Улежана коза потешко се јари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?