Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците добиваат ефективен советодавен систем по европски терк, за навремено информирање со сите можности и мерки што им се ставаат на располагање за модернизација на сопственото производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците добиваат ефективен советодавен систем по европски терк, за навремено информирање со сите можности и мерки што им се ставаат на располагање за модернизација на сопственото производство
Агровести

МЗШВ: Земјоделците добиваат ефективен советодавен систем по европски терк, за навремено информирање со сите можности и мерки што им се ставаат на располагање за модернизација на сопственото производство

Објавено 13/12/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој, предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Значајна реформа која придонесува за уште поголема поддршка во развојот на македонското земјоделство и руралните заедници.

Преку овој закон за советодавни услуги, создаваме можност за професионализација на советодавните услуги, воспоставувајќи систем, преку кој на земјоделците директно им се доближат знаењето, вештините и искуствата за најновите практики и технологии што се применуваат во земјоделското производство, а кои директно треба да влијаат во тоа да како држава имаме одржливо и конкурентно земјоделско производство, по европски терк.

Новиот закон за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој е усогласен со регулативите на Европската Унија. Неговата поставена цел е создавање ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци. Земјоделците сега ќе  можат да се консултираат со стручни лица во областа на земјоделството и руралниот развој за сите текови во својата работа. Редовно да бидат запознаени со сите нови мерки и можности кои им се ставаат на располагање, креирани од министерството или пак други  организации и институции, кои даваат финасиска поддршка во развој на земјоделството и руралниот развој.  

Посебно важна цел на ова законско решение е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт. Пропишувајќи ги видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на советодавни услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.

Со новиот закон, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да воспостави Регистар на даватели на советодавни услуги, јавно достапен за сите земјоделски стопанства, на тој начин олеснувајќи им го пристапот до советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производство.

Понатаму ова законско решение дава основа за формирање на Системот за знаење и иновации во земјоделството, познат како АКИС, кој во моментов е главна стратешка област за развој во Европската Унија. Воведувајќи го овој систем ќе бидеме првата држава во регонот која успешно го има воспоставено овој важен систем за поддршка на земјоделците.

Целиот Советодавен систем во земјоделството и руралниот развој и неговото функционирање, ќе биде надгледуван и помаган од Советот за мониторинг и координација, составен од експертска група на членови номинирани од над 20 институции и организации, кои се идентификувани како клучен дел од Системот.

Подготовката на овој значаен закон ја работевме транспарентно и инклузивно. Изминатите две години, посебна експертска група формирана од министерот Љупчо Николовски, со помош од Европската Унија преку проектот за модернизација на советодавните услуги во земјоделството, интензивно работеше на сите потребни подготовки за изработка на овој закон. При креирањето вклучени беа и земјоделците, преку повеќе јавни презентации одржани заедно со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, директно на терен земјоделците беа запознаени со концептот и можностите што овој закон им ги става на располагање.  

Земјоделството и руралниот развој се клучен сектор за државата. Како министерство и Влада, остануваме посветени во нашата работа за подобрување и развивање на македонското земјоделство, подобрување на условите во руралните средини и развој на руралниот туризам.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европски теркинформирањемзшвмодернизацијапроизводствосоветодавен систем
Претходен напис Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла
Следен напис Од утре дожд, снег и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?