Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агротим: Честитки до сите наши клиенти кои добија грант од 10 000 евра за мерката на МЗШВ – Поддршка на малите семејни бизниси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агротим: Честитки до сите наши клиенти кои добија грант од 10 000 евра за мерката на МЗШВ – Поддршка на малите семејни бизниси
АгровестиФондови

Агротим: Честитки до сите наши клиенти кои добија грант од 10 000 евра за мерката на МЗШВ – Поддршка на малите семејни бизниси

Објавено 08/12/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 87 договори за грант поддршка во развојот на мали семејни винарии, вчера беа доделени во Неготино. Се работи за поддршка во вредност од 51 милион денари, средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои се помагаат малите семејни винарии, во набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог.

Набавка на иноксни садови и цистерни, водена преса, пумпи за вино, гроздомелачка, каца, филтри, полначки за вино и затворачки за плутени тапи, како и поддршка во ангажирање на стручно лице енолог, се дел од инвестициите кои се поддржуваат.

На настанот беше кажано дека одлична е соработката помеѓу министерството и здруженијата на малите семејни винарии, со кои заедно се креираат мерките за развој и поддршка на малите семејни винарии. Вака креираните мерки секогаш даваат резултати.

Неодамна беа доделени и 133 договори за поддршка во набавка на опрема на  малите производители на храна од неживотинско потекло. Со оваа мерка за финансирање на производителите на храната од неживотинско потекло  од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година се дава финансиската поддршка  до 10.000 евра за  трошоците за набавка на опрема за производство на храна и трошоците за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна).

Право на учество на овој јавен  имаа земјоделски стопанства кои што се: запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од неживотинско потекло, согласно Правилникот за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата кои треба да се исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики за храна од растително потекло.

Преку овие договори се поддржува развојот и модернизацијата на најразлични традиционални производства. Опрема за производство на маџун, разни слатка и мармалад, ладно цедено масло од сончоглед, производство на јаболков оцет, путер од бадем, ајвар, сокови од калинка, јаболка, рибизла, потоа набавка на соларни сушари и машини за пакување и млин за производство на брашно, се само дел од инвестициите за кои се дава поддршка.

 Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени и договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра, за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло, од Програмата за мали производители.

Ова е нова програма која е воведена за прв пат, како една од клучните промени во реформата за поддршка на малите производители. Договорите се со вкупна вредност од 8. милиони денари, наменети за развој на сточарското производство, за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско потекло.

Предноста на оваа финансиска поддршка е авансната исплата, што значи дека сите добитници на грант, веднаш по потпишување на договорот, во рок од 10 дена ќе ги добијат парите, со кои треба во рок од 45 дена да ја набават опремата за која аплицирале. Целта е преку финансиска поддршка да се помогне на малите земјоделски стопанства, на малите фарми, да ги зголемат капацитетите и со тоа да си го зголемат приходот и да изградат сопствени брендови.

Со тоа ќе им се помогне на земјоделците да го легализираат својот имот, со што ќе бидат во можност да ги обноват своите капацитети или да изградат целосно нови. На тој начин ќе станат поконкурентни и ќе имаат пристап до сите мерки и политики на министерството, но пред се до ЕУ фондовите и ИПАРД програмата.

Интересот за овие мерки, иако нови, беше голем кај земјоделците. Промоцијата што ја направивме преку Агротим.мк доближувајќи ја мерката до земјоделските производители како и директната соработка со нив во изработка на апликациите, беше успешно завршена работа.

Честитки до сите наши клиенти кои добија грант од 10 000 евра. Го направивте вистинскиот избор! Ви благодариме за тоа и Ве очекуваме за следни повици од националните програми и од програмата ИПАРД.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонските броеви:
📞 070 267 789
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:10 000 евраагротимзејоделцимеркаМзшвнајновоповикпроизводителитехнолог
Претходен напис Пет природни пробиотици за здравје на целиот организам
Следен напис Во Кавадарци Фестивал на вино и вински туризам 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?