Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски од Брисел: АХВ е носител на поглавјето 12, усогласувањето со законодавството на ЕУ е клучно за бизнис заедницата и граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски од Брисел: АХВ е носител на поглавјето 12, усогласувањето со законодавството на ЕУ е клучно за бизнис заедницата и граѓаните
Агровести

Бабовски од Брисел: АХВ е носител на поглавјето 12, усогласувањето со законодавството на ЕУ е клучно за бизнис заедницата и граѓаните

Објавено 27/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-На почетокот сме на еден важен настан, настан за кој надлежните институции на Северна Македонија за Поглавјето 12 работиме повеќе од 20 години и очекуваме да започне повеќе од десет години, после повеќекратните препораки на Европската комисија до Советот на Европската Унија за почеток на преговорите. За да се дојде до овој чекор, во изминатиот период беа вложени многу напори од наша страна и покрај успесите, требаше да се надминат и многу пречки. Полноправното членство во Европската унија и понатаму претставува стратешка определба на Република Северна Македонија – рече во своето воведно обраќање директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12, во рамки на Кластерот 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија, на денешниот прв ден од петдневниот билатерален скрининг состанок со Европската Комисија, за усогласеноста на македонското законодавство со европското, кој се одржува во Брисел, Белгија.

Тој изрази благодарност до Комисијата за целокупната досегашна поддршка и соработка, во областа на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, во процесот на евроинтеграција на земјава. Агенцијата за храна и ветеринарство, додаде тој, е носител на поглавјето 12, со оглед на фактот дека од вкупно шест подрачја од кои се состои тоа, пет се во надлежност токму на Агенцијата за храна и ветеринарство. За подрачјето од областа на фитосанитарната политика и зоотехника надлежно е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Имајќи ја предвид обемноста на Поглавјето 12 (доказ за тоа е и времетраењето на самиот билатерален состанок) како и карактеристиките на законодавство кое подлежи на чести измени, целокупниот процес на усогласување и негово спроведување бара континуиран ангажман, воспоставена структура кај надлежните институции и подготвеност за примена на преземените барања, за што се неопходни капацитети, т.е. подготвена административна служба, која не само што има улога да придонесе за напредокот на самата администрација, туку и за бизнис заедницата и граѓанскиот сектор – истакна Бабовски во обраќањето.

Надлежните институции вклучени во поглавјето 12, рече тој, во континуитет вршат усогласување на законодавството на ЕУ и досега постигнат е висок степен на усогласеност. Следејќи ги тековните промени во европското законодавство, во тек е измената на повеќе закони и подзаконски акти кои произлегуваат од Регулативата на ЕУ 2016/429 (тн Закон за здравствена заштита на животните ), Регулативата 2016/2031 за здравје на растенијата, како и делегирачки и имплементирачки акти кои произлегуваат од Регулативата на ЕУ за официјални контроли 2017/625.

-Надлежните институции редовно спроведуваат активности за зајакнување на административните капацитети со цел ефикасна имплементација на законодавството усогласено со соодветното законодавство на ЕУ. Посебен акцент ставам на институционалните реформи што се случија пред повеќе од 13 години со формирањето на Агенцијата за храна и ветеринарство како единствен орган за безбедност на храна. Ова беше оптимално решение за да се надминат дотогашните преклопувања на надлежности и други тешкотии кои беа пречка да се испочитуваат барањата на законодавството на Европската Унија – потенцира тој.

Од исклучителна важност е финансиската поддршка преку ИПА програмите кои ја обезбедува Европската унија за ефикасна имплементација на законодавството од Поглавјето 12, како и за дополнително зајакнување на институционалните и административните капацитети на институциите надлежни за ова поглавје.

-Европската комисија повторно го оцени Поглавјето 12 со виска оцена и во последниот Извештај за напредокот на нашата земја во евроинтеграциите. Наредните пет дена очекувам дека само ќе го потврдиме нотираното во Извештајот, со верување дека Поглавјето 12 ќе добие шанса за понатамошен напредок, со отворање на преговорите за членство во Европската унија – заклучи Бабовски во обраќањето пред претставниците на Европската Комисија и членовите на работната група за преговарачкото Поглавје 12.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми
Следен напис Поевтинуваат бензините и дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?