Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Маврови Анови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Маврови Анови
Агропрогноза

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Маврови Анови

Објавено 25/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во  Маврови Анови, 12 литри на метар квадратен, информира УХМР.

До 07:30 часот се измерени 3 степени во Лазарополе, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови и Крушево, 5 во Тетово, 7 во Скопје-Петровец, Претор, Струмица и Велес, 8 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Берово и Дебар, 9 во Прилеп, Штип и Кавадарци, 10 во Виница, 11 во Демир Капија и Гевгелија, како и 12 степена во Дојран.

Висината на водниот талог изнесува до 7 часот изнесувал 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 7 во Дебар, 5 во Охрид, 4 во Крива Паланка, Претор и Крушево, 3 во Тетово и Прилеп, 2 во Скопје- Зајчев Рид, Битола, Кавадарци и Попова Шапка, како 1 литар на единица површина во Скопје-Петровец и Берово.

Според УХМР, времето во текот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен (над 70 km/h) северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени. 

МИА

Може да ви се допадне

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:дождМаврови АновиНајстуденоПопова Шапка
Претходен напис Шпанските научници докажале дека, печурките на скара се најздрави!
Следен напис ТИРЗ – oтворен повик за инвестиции во 50 мегавати соларни централи 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?