Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дрон за собирање на овошје е најдобриот теренски робот!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Дрон за собирање на овошје е најдобриот теренски робот!
Магазин

Дрон за собирање на овошје е најдобриот теренски робот!

Објавено 25/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Автономна платформа како централен полигон за најмногу шест беспилотни летала, служи за напојување, но исто така и како поддршка од страна на компјутер / процесор на дронови  кои берат овошје, додека дронот (еден или повеќе од нив) се движи низ овоштарникот. Вака собраните плодови ги става во сад кој се наоѓа на платформата. Според меѓународното стручно жири, овој теренски робот од израелската компанија Tevel Aerobotics Technologies е добитник на главната награда „Најдобар теренски робот 2020“ или ‘Best Field Robot Concept 2020(BFRC) која бешедоделена деновиве за време на Меѓународниот форум на земјоделски роботи FIRA.

Второто место му припадна на роботот H-WodKa (Холандија), а третото на HayBeeSee Crophopper (Велика Британија), пишува експертот за прецизно земјоделство, Рене Коерхуис за, Future Farming објаснувајќи дека жирито го избра беспилотното летало за берба на овошје на Тевел како најперспективен концепт на робот.

Водени од три силни критериуми: оригиналност, изводливост и потенцијалното влијание врз животот на земјоделците, жирито за наградата BFRC 2020 во потесниот избор (Топ 10) помеѓу 22 различни концепти на роботи од 11 земји и четири континенти ги вброи и следните иновативни решенија: AI.Land ETAROB, Fendt Xaver, Fieldwork Robotics, HayBeeSee Crophopper, H-WodKa Robotiller, iTarra, Nexus Robotics, Robotics Plus, Tevel Aerobotics и thingc Robotics.

Членовите на жирито имаа предвид два дополнителни критериуми во случај на еднакви резултати ,а тоа се: леснотија на прифаќање или усвојување од страна на земјоделците и одржливост на решението.

Публиката, односно посетителите на FIRA и читателите на Future Farming, имаа можност да дадат свое мислење за најперспективниот концепт на робот за работа на терен од списокот на Топ 10. Својот глас го дадоа 2.359 лица, од кои најголем број гласови доби британскиот робот за собирање малини и капини Fieldwork Robotics (40% од гласовите), додека речиси во фотофиниш  се одлучи за второто и третото место.

Имено, на второто место со 18,7% гласови е исто така британскиот робот за отстранување на плевел Crophopper, а на третото место со 18,2% гласови е холандскиот теренски робот H-Wodka Robotiller .

Во последниве години, воведени се десетици модели на земјоделски роботи кои треба да им го олеснат животот на земјоделците, вклучувајќи и роботи кои одгледуваат земјоделски култури со помалку работна сила, хемикалии и ѓубрива и помали емисии на стакленички гасови, рече авторот, додавајќи дека некои од нив го пронашле својот  пат до фармите ширум светот, но повеќето сè уште се во почетна фаза.

Останува да видиме следната година кој нов теренски робот ќе биде најоригинален и кој ќе има потенцијал да придонесе за зголемено и поодржливо производство на храна, односно кој концепт ја заслужува „Наградата за најдобар теренски робот“.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:дроновошјесобирањетеренски робот
Претходен напис Облачно со дожд, на планините снег
Следен напис Јаболков оцет – како се прави и како се користи?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?