Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Облачно со дожд, на планините снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Облачно со дожд, на планините снег
Агропрогноза

Облачно со дожд, на планините снег

Објавено 25/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот, температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места, помала снежна покривка.

Како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 9, а максималната од шест до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до седум степени.

В недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час и наместа ќе провејува слаб снег. В понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица. 

МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:Дождоблачнопланините снег
Претходен напис Николовски ги потпиша 133 договори за поддршка во набавка на опрема на малите производители на храна од неживотинско потекло во висина од 10 000 евра
Следен напис Дрон за собирање на овошје е најдобриот теренски робот!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?