Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Охрид, Гевгелија и Попова Шапка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Охрид, Гевгелија и Попова Шапка
Агропрогноза

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Охрид, Гевгелија и Попова Шапка

Објавено 22/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – два литри на квадратен метар наврна во Охрид, Гевгелија, Попова Шапка, а еден литар на квадратен метар во Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, Битола, Виница и Струмица.

Како што информира утрово УХМР, најниска температура до 7:30 часот е измерена на Попова Шапка – три степени, четири степени во Скопје, кај Петровец, а во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Прилеп пет степени. 

Во Крива Паланка, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе и Крушево се измерени шест степени, седум степени во Битола, Охрид, Куманово, Кавадарци, девет во Претор и Виница, десет во Гевгелија, а 12 степени во Дебар и Штип. Најтопло е во Демир Капија, каде се измерени 13 степени. 

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со слаб локален дожд. По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
Променливо и топло време со можност за краткотрајно невреме, најавуваат синоптичарите за следниот период
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно во планинските предели
Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Претходен напис Николовски во Берово ќе се приклучи во акцијата за пошумување „Ајде да пошумуваме заедно“
Следен напис Од сабота постудено и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?