Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Македонскиот штанд со најголем број винарии изложувачи на саемот Винска Визија на Отворен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Македонскиот штанд со најголем број винарии изложувачи на саемот Винска Визија на Отворен Балкан
Агровести

МЗШВ: Македонскиот штанд со најголем број винарии изложувачи на саемот Винска Визија на Отворен Балкан

Објавено 18/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Позитивната енергија и пријателската атмосфера која ја имавме и на привиот саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан се повторува и оваа година. Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино имаше на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград.

Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над 1000 вински етикети, што е скоро двојно повќе изложувачи од минатата година.

Големо внимание и оваа година привлекуваат нашите мали семејни винарии, кои се единствени во регионот. Како министерство оваа година го распишавме вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии со грант од 10.000 евра, поддршка за набавка на опрема за производство. Во текот на овој месец доделени ќе бидат и над 90 нови договори за поддршка на малите семејни винарии.

Оваа година за прв пат министерството креираше и поддршка за малите дестилерии, со грант поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Поддршка која од првиот повик, ја искористија 12 мали дестилерии.

Нашите вина во себе ја имаат вградено традицијата, македонското сонце, нашата вера и Божји благослов. Треба сите да сме годи и овие вредности да ги чуваме и  постојано да го унапредуваме овој сектор.

За таа цел, оваа 2023 година донесовме нова десетгодишна стратегија  за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.

Крајниот резултат кој го очекуваме од оваа стратегија е зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.

Подготвивме нов закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, и за кој очекуваме едногласно да биде усвоен од Собранието. Закон со кој за прв пат на лозарите им дава гаранирана цена, однсно до 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти, преку поставена методологија од страна на научни институции ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, која ќе мора да ја почитуваат винариите.

Министерот Николовски на саемот посетувајќи ги македонските изложувачи на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” изрази благодарност до сите наши лозари и на сите наши винарии, големи и мали, кои силно придонесуваат за раст на домашната економија и со поддршката од мерките и политиките на министерството заедно испишавме историја во винскиот сектор.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винариивинска визијаизложувачимзшвОтворен Балкан
Претходен напис Николовски за МИА: Очекувам годинава да бидат срушени рекордите за извезено вино
Следен напис Најстудено на Попова Шапка со – 7 степени, во Гевгелија најтопло со 8 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?