Над 40-тина апликации поднеле земјоделците од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, ИПАРД 3 програмата соопштија денеска од денеска од регионалното одделение од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Куманово. Земјоделците г поднеле апликациите во соработка со претставниците на Агенцијата.
– Цела година се подготвуваа, прашуваа, пред некој ден заврши можам да истакнам дека најголем дел од апликациите се поднесени за мерката за модернизација на земјоделските стопанства, што опфаќа инвестиции за земјоделството, механизација, објекти за преработувачки капацитети. Имаше апликанти и за диверзификација на фарми, тука имавме апликации за занаетчиство, сè онаа што е поврзано со руралниот развој. Ќе има и други повици и веќе доаѓаат и се интересираат земјоделците, изјави раководителот на одделението, Џабир Рамадани.
Сточарите од поширокиот кумановски регион до вчера аплицирале и за набавка на добиток.
– Нема во државава такви фарми со педигрирани грла добиток, така што сточарите аплицираа за набавка на добиток од странство. Имавме 26 апликации, дел со над 40 грла добиток па сè до пет грла добиток, изјави Рамадани.
Сточарите од овој регион, објаснуваат стручните веќе се подготвени, навреме ги доставуваат потребните документи. Тој очекува добар дел од нив да добијат поддршка, бидејќи ги исполнуваат условите.
– Многу ми се допаѓа што има интерес за набавка на добиток, како што е познато сточниот фонд опаѓа и се надеваме на подобар квалитет и квантитет за млеко и месо, изјави Рамадани.
Во тек е огласот за закуп на земјиште. Заинтересираните веќе доаѓаат, ги прибираат документите, дел почнале до подготовка на бизнис планови.
– Очекуваме наредната недела повеќе заинтересирани и ги покануваме да им помогнеме, повика Рамадани.
Според размислувањата на стручните веќе се поедноставени постапките за апликациите. Од Агенцијата веат дека сега документите можат да се соберат за неколку дена.
– Секој кој исполнува услови, има капацитети, може да конкурира, вели Рамадани.
МИА
