Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Привршува откупот на костените во Дебарско, одгледувачите задоволни од откупната цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Привршува откупот на костените во Дебарско, одгледувачите задоволни од откупната цена
Агровести

Привршува откупот на костените во Дебарско, одгледувачите задоволни од откупната цена

Објавено 17/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Привршува откупот на познатиот, по квалитет, дебарски костен, кого го одгледуваат над 200 семејства, кои велат дека се задоволни од заработката.

– Родот кај костените годинава беше помал за околу 20 отсто споредено со минатата година, но се со многу подобар квалитет. Костенот во Дебарско е засаден на околу 250 хектари, а собрани беа над 200 тони. Над 200 семејства од овој регион се занимаваат со производство на костени и како што велат ова јаткасто овошје носи добра заработувачка, изјави за МИА, Арбен Муладаути, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додава дека и понатаму организиран откуп на костени нема, но и покрај тоа откупот е при крај. Посочува дека тој е многу баран бидејќи експертите од нашата земја велат дека е органски и се карактеризира со посебна арома и има ниво на шеќер што всушност одговара на барањата на европскиот пазар, каде ќе завршат дел од костените.

– Годинава и јас брат ми имавме по нешто повеќе од две илјади килограми. Откупната цена се движеше од 60 до 100 денари за килограм. Задоволни сме од заработката, која поединечно е по околу 2.300 евра. Имаме оставено помала количина која ќе ја пласираме на дебарскиот пазар, каде цената на мало се движи и до 200 денари, вели Дилавер Дема, кој костенови насади има во селото Бомово.

Во поширкиот дебарски регион најмногу насади со костен има во пограничните села, Џепиште, Отишани, Селокуќи, Коњаре и Бомово, како и во атарите на селото Горенци, општина Центар Жупа и долнореканското село Скудриње. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дебарскозадоволникостенитеоткупната ценаоткупотПривршува
Претходен напис За викендот студено и ветровито
Следен напис Земјоделците од кумановско заинтересирани за модернизација на земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?