Денеска на 13.11.2023 година во организација на Здружението на земјоделски инженери АГРОНОМ 1947, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа Тркалезна маса на тема Формирање на Комора на земјоделски инженери.
На настанот зедоа учество повеќе земјоделски инженери, а со линковско вклучување, претседателот на Хрватската комора на земјоделски инженери, г-дин Ромео Јукиќ го презентираше искуството во формирање на Комората, како и нејзината улогата во секторот земјоделство во Република Хрватска.

На настанот, беа дефинирани идните чекори во процесот на формирање на Комора на земјоделски инженери во нашата држава. Во наредниот период ќе се формира Работна група за водење на преговори со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на предложување и утврдување на соодветно законско решение за формирање на Комората на земјоделски инженери.
Фејсбук статус на Здружение на земјоделски инжинери АГРОНОМ 1947
