Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата го усвои новиот закон за вино – Лозарите за прв пат добиваат гарантирана цена на винското грозје и ги заштитуваме географските вински ознаки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата го усвои новиот закон за вино – Лозарите за прв пат добиваат гарантирана цена на винското грозје и ги заштитуваме географските вински ознаки
Агровести

Владата го усвои новиот закон за вино – Лозарите за прв пат добиваат гарантирана цена на винското грозје и ги заштитуваме географските вински ознаки

Објавено 14/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија на денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот закон за вино.

Како министерство имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Северна Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од вино, министерството пристапи кон донесување на нов Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство.

Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

Преку новиот закон за вино, системот на заштитата на географските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство, предвидувајќи истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.

Вината со геогравска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје.

Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности.

Производството на вино со географска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите  заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Во подготовката на новиот закон за вино министерството посветено работеше во консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Новиот закон за вино има за цел уште поголем развој на овој значаен сектор, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на винската мапа, како и поголема сигурност за лозарите.  

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Претходен напис Најавена исплата на субвенции по неколку мерки
Следен напис Ковачевски-Бесими: Буџетот за 2024 е развоен, целосно се обезбедени повисоките пензии и плати, 733 милиони евра капитални инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?