Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Национален парк Шар Планина организира санитарен отстрел на диви свињи за да се спречи ширење на болест
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Национален парк Шар Планина организира санитарен отстрел на диви свињи за да се спречи ширење на болест
Агровести

Национален парк Шар Планина организира санитарен отстрел на диви свињи за да се спречи ширење на болест

Објавено 09/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Од оваа недела па се до крајот на јануари 2024 година секој викенд ќе има санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума на територија на Националниот парк Шар Планина, информираат денес од оваа јавна установа.

Одлуката се образложува со тоа што африканската чума кај дивите свињи претставува ризик по здравјето и безбедноста на луѓето, а истовремено и потенцијален ризик за губење на популацијата на дивата свиња во Националниот Парк Шар Планина.

-За таа цел управата на Националниот парк донесе одлука за спроведување заштитни и контролни мерки. Ги информираме љубителите на природата дека во временски период од шест до 14 часот, секоја недела од 12 ноември оваа година до 31 јануари 2024 година, со исклучок на 31 декември, ќе се спроведува засилен и санитарен отстрел во соработка со: здружение Ловечко друштво „Кучи Баба“;  здружение Ловечко друштво „Шќипоња е шарит“;  Ловечко друштво „Шар Планина“ – Тетово и Ловечко друштво „Љуботен“ – Вратница. Одлуката се спроведува согласно Решението за спроведување заштитни и контролни мерки во однос на африканската чума кај дивите свињи број 10-559/8 од шести јули годинава, донесено од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, а со кое целата територија на државата е прогласена за високо ризична зона, соопштија денес од НП Шар Планина.

Од националниот парк апелираат да секој посетител на Шар Планина избегнува движење областите каде што ќе се врши отстрел. Локациите за спроведување на оваа мерка се објавени во рамки на самата одлука на интернет страницата на Национален парк во делот инфо и соопштенија. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:болестДиви свињиорганизираШар планина
Претходен напис Температурите во последните 12 месеци се повисоки од изминатите 125.000 години, според истражување
Следен напис Подгответе се за Мерка 3 од ИПАРД: Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?