Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија, Франција, Кипар и Словенија бараат поголеми ресурси за справување со климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија, Франција, Кипар и Словенија бараат поголеми ресурси за справување со климатските промени
Агровести

Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија, Франција, Кипар и Словенија бараат поголеми ресурси за справување со климатските промени

Објавено 27/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателите на Франција и Кипар и премиерите на Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија и Словенија, преку писмото упатено до претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, информираат за недоволни финансиски средства и за потребата за зголемување на расположливите ресурси за справување со последиците од климатските промени,  јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничкото писмо што го објавува грчката државна телевизија ЕРТ, лидерите на осумте земји, сите дел од групата МЕД9, пишуваат дека „климатските промени не само што се на нашиот праг, туку веќе станаа дел од нашиот живот, како што нѐ потсетија неодамнешните природни катастрофи во регионот“.

„(Климатските промени) Им се закануваат на нашите земји, на економијата, бизнисите, на граѓаните поединечно и како целина и ја поткопуваат социјалната кохезија, развојот, просперитетот, иднината и нашите животи. Ѝ се закануваат на ЕУ како целина. Стана очигледно дека нашите политики и буџетски ресурси не се доволни за решавање на ова прашање, додека зелената транзиција и адаптацијата на климатските промени се наша главна цел, постои ограничено олеснување на  краток и среден рок“, се наведува во писмото.

Додаваат дека сите ресурси, материјални, човечки, оперативни и финансиски кои им се на располагање „се покажаа како несоодветни“, а штетите се непроценливи.

„Мора да дејствуваме веднаш и колективно. Како општество, како поединечни земји и како Европска Унија – врз основа на двонасочен пристап кој веќе треба да го промовираме во нашите претстојни дискусии. Прво, евидентно е дека расположливите финансиски средства се тотално несоодветни. Фондот за солидарност за 2023 година е исцрпен, заедно со делови од средствата за 2024 година кои би можеле да ги искористиме со исплаќање однапред“, објаснуваат лидерите на осумте земји

Паралелно, истакнуваат дека мора да работат со цел зголемување на расположливите ресурси и зајакнување на средствата и механизмите за справување со последиците од природните катастрофи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГрцијаИталијакипарклиматските промениМалтаПортугалијаСловенијаФранцијаХрватска
Претходен напис ЦУК: Изгаснати три пожари на отворен простор
Следен напис Приведено лице од кичевско, превезувало нежигосано огревно дрво без документација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?