Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси во Мексико
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси во Мексико
Агровести

Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси во Мексико

Објавено 26/10/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси на мексиканскиот брег на Пацификот, соопшти операторот со сензорот.

Комуникацијата со најмалку 27 од околу 100-те сензори на мрежата за сеизмичко набљудување е прекината. Доколку се случи силен земјотрес во близина на оштетените сензори, населението не може да се предупреди навреме да преземе соодветни мерки на претпазливост, пренесе ДПА.

Инженерите се подготвени за поправки, но важни сообраќајни правци во регионот се во прекин поради оштетувањата од Отис.

Според локалните медиуми, најмалку едно лице загинало во невремето. Еден рибар загинал на брегот додека се обидувал да го заштити својот чамец, јави телевизијата Форо.

Бурата од петта категорија, највисок интензитет на скалата Сафир-Симпсон, го погоди југозападниот брег на Мексико рано вчера во близина на познатото приморско одморалиште Акапулко – со постојани ветрови од речиси 270 километри на час и налети до 330 километри на час.

Подоцна Отис беше намален на тропска бура.

Телефонските и интернет врските беа во прекин, а повеќе од половина ден подоцна пристанишниот град се уште беше отсечен од надворешниот свет. Точниот обем на штетата се уште не е познат. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјотресиМексикоОтиспредупредувањеУраганот
Претходен напис Времето променливо облачно, со повремени врнежи од дожд
Следен напис ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?