Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анкета: Младите во Европа се поподготвени за големи промени за да се спречи глобалното затоплување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анкета: Младите во Европа се поподготвени за големи промени за да се спречи глобалното затоплување
Агровести

Анкета: Младите во Европа се поподготвени за големи промени за да се спречи глобалното затоплување

Објавено 25/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Младите ширум Европа се поподготвени од постарите генерации да направат големи промени во животниот стил за да помогнат во борбата против климатските промени, но се помалку подготвени да преземат помали активности за да ја постигнат таа цел, покажуваат резултатите од анкета спроведена во седум земји.

Истражувањето покажало дека младите се подготвени да имаат помали семејства, да престанат да користат автомобили и, иако во помал број, да станат вегани за да придонесат кон целта за намалување на климатските промени, објави „Гардијан“.

Истовремено, истражувањето покажа дека младите не се подготвени да престанат со употреба на пластика за еднократна употреба, ниту да се посветат на одгледување неколку дрвја.

Анкетата на YouGov за Гардијан, исто така, покажа дека економскиот пад ги погодува надежите на младите луѓе за иднината, а повеќе од половина изјавиле дека се загрижени дека нема да можат да поседуваат дом во следната деценија.

Истражувањето, спроведено во август во Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Шведска, исто така, покажа дека големо малцинство од 18 до 24-годишните сметаат дека економските проблеми би можеле да ги одвратат од создавање семејство во истиот временски рок. На прашањето какви жртви би биле спремни да направат за да помогнат во борбата против глобалното затоплување, 28 отсто од 18-24-годишните и 30 отсто од 25-34-годишните одговориле дека би биле подготвени или веќе планираат да имаат помалку деца отколку што инаку би сакале. Кај постарите генерации на тоа прашање потврдно одговориле 19 отсто. Младите луѓе, исто така, се поподготвени да се откажат од своите автомобили 54 отсто од 18-24-годишните, во споредба со 45 отсто кај постарите од 65 години. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Анкетаглобалното затоплувањеЕвропаМладитепромени
Претходен напис Отворен најголемиот регионален онлајн саем за вработување – повеќе од илјада огласи за вработување!
Следен напис Облачно со повремен дожд до петок, од сабота сончево и топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?