Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈП Стрежево-Битола ја изгради првата сопствена фотоволтаична централа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈП Стрежево-Битола ја изгради првата сопствена фотоволтаична централа
Агровести

ЈП Стрежево-Битола ја изгради првата сопствена фотоволтаична централа

Објавено 20/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЈП Хидросистем Стрежево е прво Јавно претпријатие во државата кое со сопствени средства, од околу 30 милиони денари, изгради своја  фотонапонска електроцентрала со моќност од 500 киловати.

Новата инвестиција е лоцирана на „Брана Стрежево“ каде се поставени 1248 монокристални фотонапонски панели од кои се очекува годишно производство околу 700 000 киловат часови електрична енергија, изјави генералниот директор на ЈП Стрежево, Методија Граматковски.

-Досега стопанисувавме со пет мали хидроцентрали и расположливите водни ресурси ги користиме рационално, ефикасно и повеќенаменски, за наводнување и производство на електрична енергија. Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија. Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип бидејќи имаме дозвола за градба до еден мегават. За нас како претпријатие оваа инвестиција е од големо значење бидејќи ги зголемуваме приходите на претпријатието, а за државата е инвестиција во добивање на  „чиста” енергија, истакна Граматковски.

ЈП Стрежево-Битола, произведената електрична енергија ќе ја продаваат на слободниот пазар преку јавна продажба.

-Очекуваме оваа инвестиција да биде краткорочно исплатлива инвестиција и средствата за краток период ќе бидат вратени во претпријатието. Во специфични времиња, кога речиси секоја година беше одбележана со кризен предзнак, во време на големи предизвици и неизвесности, Стрежево го издржа силниот финансиски удар, не потклекна на притисокот и благодарение на домаќинското работење успеа да го затвори наметнатиот проблем од 2015 година во врска со тужбата на ЗК Пелагонија. Денес не им должиме ниту денар на комбинатот, го исплативме по основ на судска пресуда главниот долг, трошоците на постапката и каматата во целост, исклучиво од сопствени извори на финансирање. Сега предметот е пред Врховен суд на конечно одлучување, посочи Граматковски.

На прес конференцијата во Битола, генералниот директор на ЈП Стрежево, Методија Граматковски потсети дека претпријатието продолжува да ги подобрува условите за корисниците на вода, вложуваат во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал со кој располагаат.

-Оваа година веќе двапати се покачуваат платите на вработените во Стрежево, а исплатен е и регрес за годишен одмор. ЈП Стрежево е високо ликвидно претпријатие со стабилна финансиска состојба, редовно се исплаќа плата, придонеси од плата и обврските кон државата, вложува во тековни и капитални инвестиции, и во овој период претпријатието не користело кредити. ЈП Стрежево останува бренд и успешна приказна, а низ посветена  и напорна работа ќе се носиме со сите предизвици и специфики на современите текови, истакна Граматковски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолаЈП Стрежевофотоволтаична централа
Претходен напис Вкупното домашно производство на енерегија лани покрило 37.9 отсто од потребите
Следен напис Франк Болен: Клучно е земјоделците да функционираат здружено, има посебни милионски фондови за здруженијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?