Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Абдиу Халили од Брисел: ОДЛОЖЕНА СЕСИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА ПОГЛАВЈЕ 11
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Абдиу Халили од Брисел: ОДЛОЖЕНА СЕСИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА ПОГЛАВЈЕ 11
Агровести

Абдиу Халили од Брисел: ОДЛОЖЕНА СЕСИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА ПОГЛАВЈЕ 11

Објавено 17/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По трагичниот напад синоќа во Брисел, каде што 2 лица го загубија животот, делегацијата на Северна Македонија предводена од Дрита Абдиу-Халили, државен секретар и заменик главен преговарач со ЕУ, ја информира јавноста дека се одложува билатералниот скрининг за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој, кој требаше да продолжи денеска и утре во Брисел.

Синоќа, по зголемена загриженост за безбедноста, потврдено е дека членовите на македонската делегација се безбедни. Безбедноста и благосостојбата на нашата делегација останува наш главен приоритет.

По континуирана комуникација и консултации со претставници на Европската комисија, Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ, Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО и Амбасадата на Република Северна Македонија во Брисел, а земајќи ја предвид новонастанатата безбедносна состојба, донесена е одлука за одложување на вториот ден од билатералниот скрининг за поглавје 11. Состанокот закажан за денеска ќе се одржи во четврток на 19 октомври.

Оваа одлука се заснова на заедничката посветеност за безбедноста и благосостојбата на сите учесници во скрининг процесот со Европската Комисија.

Уште еднаш, изразуваме длабоко сочувство до жртвите и семејствата погодени од овој бесмислен чин на насилство.

Заменик главниот преговарач со ЕУ Дрита Абдиу Халили, која ја предводи македонската делегација во Брисел, истакна: „Иако соочени со потешкотии, нашата посветеност на преговарачкиот процес останува непоколеблива. Сите членови на делегацијата се добро и безбедни, а сите беа контактирани веднаш по синоќешниот настан. По консултации со претставници на Европската Комисија, одлучивме планираната седница за денеска да се одржи во четврток на 19 октомври“.

Нашата делегација ја цени посветеноста, поддршката и им благодариме на нашите колеги од Европската Комисија, Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ, Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО како и Амбасадата на Република Северна Македонија во Брисел, кои цело време беа посветени на нашата безбедност, информирајќи нè и пружајќи ја потребната помош.

За било какви промени или нови случувања околу скрининг процесот и безбедносната ситуација во Брисел по синоќешниот трагичен напад, јавноста ќе биде навремено информирана.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:Абдиу ХалилиБриселОДЛОЖЕНА СЕСИЈАТАСКРИНИНГ
Претходен напис Од утре облачно и потопло, од петок пораст на температурата
Следен напис Утрото со врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?