Пристигнати 58 барања од последниот повик за мерка 3 од #ИПАРД 2 во вредност од 8,8 милиони евра. Големата заинтересираност уште еднаш ја потврдува оправданоста на министерството и АФПЗРР да го распишат и овој последен јавен повик од ИПАРД 2 програмата, ставајќи ги на располагање за инвестиции и последните слободни средства од ИПАРД 2 програмата.

Со реализација на овие барања силно ја потврдуваме и лидерската позиција на државата во искористеноста на ИПАРД средствата, достигнувајќи вкупна реализација на ИПАРД 2 програмата од 100%.
