Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи
Агровести

Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи

Објавено 12/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“.

Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион и ќе се користат како биоиндикатори за биолошки мониторинг на аерозагаденоста и постоење на јасна врска помеѓу загадувањето на воздухот и видовите на лишаи.

Претседателот на ова регионално еко здружение, што се залага за заштита на животната средина, Сашко Тодоров појасни дека со проектот ќе се врши мониторинг врз загадувањето на воздухот во општината. Тој нагласи дека лишаите се одлични биоиндикатори за определување на степенот на аерозагаденост и типот на загадувач во урбаните средини.

Активностите се дел од проектот ,, Пустиња на смогот “, што се спроведуваат од страна на Здружението на граѓани „Ековита“ во соработка со Здружението на граѓани „Антигонеа бајкинг“, а поддржан од Македонското здружение на млади правници МЗМП, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН, Центар за климатски промени и Здружение на млади „Креактив, во рамки на проектот „Младински активизам за позелени општини“, финансиски поддржан од Европската Унија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аерозагаденостлишаинеготино
Претходен напис Зелената салата благотворна против несоница
Следен напис РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?