Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водостопанство Кавадарци нема да ги зголеми цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури и површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водостопанство Кавадарци нема да ги зголеми цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури и површини
Агровести

Водостопанство Кавадарци нема да ги зголеми цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури и површини

Објавено 10/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години, информираа денеска од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш” Кавадарци.  

– Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за извршената услуга ќе ги добијат досегашните исти цени, информираа од Подружницата „Тиквеш”. 

Оттаму нагласија дека  редовно извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците. Во моментов се обезбедува вода за наводнување за потребите на градинарски и индустриски култури. Истовремено се работи на реализација на капитални инвестиции во инфраструктурата за наводнување. 

– Во тек е реализација на проектот за рехабилитација и модернизација на пумпна станица Марена, проект вреден 63.336.000 денари, со средства обезбедени од Програмата за водостопанство, со што продолжуваат континуираните инвестиции и подршка на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на земјоделците. Предвидено е проектот целосно да биде завршен до крајот на 2023 година. Со реализацијата на овој проект значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија за работа на пумпната станица и подобри квалитетот и сигурноста во снабдувањето со вода на земјоделска површина од 1.200 хектари за водокорисниците од реоните на Марена, Тимјаник, Глишиќ, Сопот, Курија, Долни Дисан и Неготино, појаснија од „Тиквеш”. 

Од подружницата на Водостопанство додадоа дека инвестициите во водостопанската мрежа  ќе продолжат и во иднина. Притоа потсетија дека за сите потребни информации, водокорисниците можат да се обратат во нивните простории. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостопанствоземјоделските културиКавадарцинаводнувањенадомест
Претходен напис „ВиноСкоп 2023“ од среда до сабота – врвни вина и настапи на Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна, Пајак
Следен напис ОАЕ вложува во ветерна енергија и најсовремени начини на производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?