Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Билателарна средба помеѓу министерот Николовски и Сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, Џем Оздемир
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Билателарна средба помеѓу министерот Николовски и Сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, Џем Оздемир
Агровести

Билателарна средба помеѓу министерот Николовски и Сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, Џем Оздемир

Објавено 03/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше чест да биде домаќин на Сојузниот министер за земјоделство и храна на Сојузна Република Германија, Џем Оздемир. Ваква посета од федерален министер за земјоделство се случува за прв пат после повеќе децении, од осамостојувањето на Северна Македонија и далеку пред тоа.

Претставници на германското Министерство за храна и земјоделство, предводени од Сојузниот Министер, Оздемир, денеска се во еднодневна посета на нашата држава. При тоа, ќе посетат фарма и мала семејна винарја. Ќе дегустираат домашна македонска храна и ќе се запознаат со млади земјоделци и жени земјоделки.

Во рамките на посетата се одржа билателарна средба помеѓу министрите, на која  се разговараше за резултатите од досегашната соработка и придобивките за македонското земјоделство од ваквата значајна поддршка која ја добиваме од германската Влада. Двајцата министри разговараа и за идните планови за подобра реализација на европската Зелена агенда, Берлинскиот процес и можностите за македонското земјоделство со членство на нашата држава во Европската Унија.

„Нашата соработка е на високо ниво, поддршката која ја добиваме од германската Влада се однесува на многу значајни проекти, кои придонесуваат за поголем развој на земјоделското производство. Трговската размена на земјоделски прехранбени производи со Германија, од 2020 година до сега бележи значителен пораст и има зголемен интерес за соработка помеѓу македонските и германските компании. Она што посебно ме радува, е што денеска министерот Оздемир ми потврди дека тие ќе не поддржат во спроведувањето на реформите во шумарството и остварувањето на зелената агенда која е во согласност со Европската заедничка аграрана политика.“ истакна министерот Николовски.

Сојузниот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, во своето обраќање истакна дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија.

„Ви честитам за напорите да се стекнете со полноправно членство во Европската Унија. Овој пат не е краток и не е едноставен. Повторно имаме војна на европско тло и затоа соработката помеѓу државите е многу важна. Ние имаме одлична соработка со македонското министерство за земјоделство во рамките на аграрно политичкиот дијалог и одлична соработка во полето на науката. Ве поддржуваме и со совети и со дела и не се сомневам дека македонското земјоделство ќе се развива согласно европскиот дијалог, со фокус на младите земјоделци, руралните жени, виното, органската храна, шумарството, се со цел остварување на Зелената агенда за климатски неутрална Европа“ потенцираше министерот Оздемир и најави дека од јануари 2024 година, германското министерство ќе испрати аташе за земјоделство со седиште во Скопје,  кој ќе биде наш партнер за контакт и кој во својата работа ќе ги обедини земјите од Западен Балкан за заедничко унапредување на земјоделскиот сектор.

Министерот Николовски упати благодарност до министерот Оздемир за честа да ја посети Северна Македонија како и за можноста преку заеднички дијалог  да ги унапредиме нашите односи и економската соработка. Исто така, министерот Николовски се заблагодари и за политичката поддршка која ја добиваме од Сојузна Република Германија на патот на евроинтеграциите и членство на Северна Македонија во европското семејство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Билателарна средбаГерманијаНиколовскиЏем Оздемир
Претходен напис Два златни и еден сребрен медал за учениците од охридското угостителско училиште „Ванчо Питошески“
Следен напис Околу седумдесет бруцоши се стекнаа со индекс на Факултетот за храна и ветеринарство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?