Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Куманово отворање на меѓународните саеми  „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Куманово отворање на меѓународните саеми  „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023
Агровести

Во Куманово отворање на меѓународните саеми  „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023

Објавено 29/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи  „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“.

На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти и тоа изложбен, дел на кој преку свои штандови учество ќе земат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи, производители на, и трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и
механизација, како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и инпути во земјоделско производство.

Од Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку
истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на
Органски Производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство за
земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.С.Македонија и Општина Куманово, за организацијата на саемите, најавија дека вториот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции, но и Здруженијата на заедниците на националностите во РСМ и здруженијата иорганизациите кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот ќе приредат
традиционални трпези на кои ќе презентираат традиционална храна, фолклор и
култура.

Трета компонента е едукација, четвртата средби и презентации на компании, додека петата компонента е ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашни
миленици.

За време на саемот предвиден е и стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта од државава, како и од Србија и Црна Гора. 

Саемот ќе биде збогатен и со културно-уметничка, сценска програма, музички
сегменти и ревија и уметничко-детско катче за најмалите посетители, а ќе се
организираат и кулинарски настани.

Во склоп на саемите „Органска Трпеза“ и „АгроМак“, оваа година ќе се
организираат и манифестациите „Денови на Традицијата“, „Кумановска Празијада“ и
„Суџуклијада“. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:АгроМаккумановоОрганска Трпезасаеми
Претходен напис Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција
Следен напис Активен пожарот кај прилепско Алинци, вчера изгаснати 25
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?