Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на 28 Септември- Светски ден на борба против беснило
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на 28 Септември- Светски ден на борба против беснило
Агровести

АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на 28 Септември- Светски ден на борба против беснило

Објавено 28/09/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември – Светски ден на борбата против беснило, кој под мотото „Сите за еден, едно здравје за сите“, се надоврзува на успехот на концептот „Едно здравје“ од 2022 година.

Како што информираат од АХВ, фокусот е ставен на соработката, еднаквоста и зајакнувањето на здравствените системи во борбата со беснилото, за постигнување на глобалната цел – нула човечки смртни случаи од беснило пренесено од кучињата до 2030 година (# ZeroBy30).

-Светскиот ден на борба против беснило е можност како институција да потсетиме дека борбата против оваа болест не е и не смее да биде само еден ден, туку да продолжи да се спроведува како и досега, континуирано и мултисекторски. Поддржан од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Светската здравствена организација (СЗО), Форумот Обединети против беснило, преку концептот Едно здравје и годинава ги обединува и координира владите, производителите на вакцини, истражувачите, невладиниот сектор и развојните партнери секој, од својот домен на интерес да го вложат максимумот во остварувањето на глобалната цел – Нула смртни случаи од беснило до 2030 година, бидејќи за жал, се уште во светот на секои 9 минути од оваа болест умира по едно лице или околу 59 илјади луѓе со светски рамки – вели Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Фокусoт на светската кампања годинава ставен e на соработката и вакцинацијата, како основи на кои се темели борбата против беснилото и во земјава. Токму на нив и во изминативе години се реализираа активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство во борбата против оваа болест која е еднакво опасна и за животните и за човекот.

-За среќа, во Република Северна Македонија во однос на оваа болест епидемиолошката состојба е стабилна. Од последните евидентирани случаи на беснило во 2012 година, кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица, во земјава нема беснило. Какоодговорна институција, навреме ги преземаме потребните мерки за контрола на состојбата. Во моментов, во тек е спроведувањето на информативна кампања Стоп Беснило, која се реализира на 12 локални радио станици со емитување на едукативни радио спотови за препознавање на болеста и пријавување на сомнителни случаи. Во рамки на оваа кампања на АХВ, подготвени се и постери и флаери – потенција Бабовски.

Тој додава дека заради подобрување на пасивниот надзор на болеста од страна на граѓаните и ловните друштва, потребно е да ги пријават сите случаи на сомнеж при пронаоѓање на угинати диви животни, пред се лисици, но, и каснување од домашните миленици и бездомните кучиња со цел да се спроведе официјален надзор и тестирање на беснило.
Во однос на дивата популација, почнувајќи од 2011 година, со поддршка на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 19 кампањи на орална вакцинација на лисиците. Оваа година спроведени се 2 кампањи, во јануари и во мај. Според планираното, есенва ќе се спроведе уште една кампања за орална вакцинација на лисиците против беснило, со авионско фрлање на мамки на целата територија на земјава.

-Како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, институција одговорна за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, но, пред се како ветеринар и љубител на животни, до граѓаните апелирам да бидат одговорни сопственици. Чувањето на милениците, незначи само обврска за обезбедување дом и храна за нив, туку и посветено водење сметка за нивна здравствена заштита. Примарно е милениците да се микрочипираат и да се вакцинираат против беснило, обврска која треба да се спроведува секоја година и со која ќе се обезбеди здравје и заштита од беснилото на милениците, но и на семејството и општеството целина, заклучува Бабовски

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Денови на македонскиот мед на улица „Македонија“
Следен напис Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?