Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалени приносите на сончоглед поради климатски промени во кумановско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалени приносите на сончоглед поради климатски промени во кумановско
Агровести

Намалени приносите на сончоглед поради климатски промени во кумановско

Објавено 18/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на сончоглед од кумановско Романовце се жалат дека климатските промени го намалиле производството на сончоглед во регионот. Високите температури и недостигот на дожд го намалиле приносот годинава, велат земјоделеците.

– Оваа година беше катастрофална, високи температури над 40 степени. Не врнеше дожд навреме, немаше дожд очекуваме 600 до 800 килограми по хектар, значи околу три и пол тона. Секоја година се намалува сончогледот оваа година дали петмина жители имаме насадено над 1.000 и нешто хектари земјиштето. Дел од производителите се префрлија на житарици. И за наредната година не знам многу ниви ќе останат празни, ќе бидеме граѓани во село, изјави Среќко Николовски, земјоделец од село Романовце.

Според податоците на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Куманово, годинава засеани се 850 хектари со сончоглед, од кои 800-тини од индивидуалните земјоделци, а 50 од претпријатијата.

– Површините со сончоглед во Куманово имаат тренд на зголемување, од 700 во 2020 година на 850 хектари во 2023 година, велат од МЗШВ.

Според податоците од Министерството, нема значително намалување на просечниот принос, во последниве три години, во 2020 изнесувало, 1.6, 2021 година било- 1, 8 , годинава изнесува 1, 6 тони по хектар.

– Според нашите информации од Сектор за анализа, годинешната откупната цена што се нуди за овогодишниот род е во корелација со цената на светските берзи како и на берзите во регионот-(Србија), каде моментално цена за килограм сончоглед за изминатата недела се движи од 39,20 до 40,00 дин/кг без ДДВ-а. (или во денари од 20.59 до 21.00 денари за килограм), велат од МЗШВ.

Од ресорното Министерство потсетуваат дека производителите на сончоглед добиваат субвенции преку директни плаќања по обработлива земјоделска површина каде висината на директните плаќања за сончоглед изнесува 6.000 денари по хектар, дополнителни директни плаќања во износ од 4.500 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар (35.000 број на семиња) и дополнителни директни плаќања во износ од 6.000 денари по хектар за земјоделски стопанства кои оствареното производство на сончоглед го имаат продадено во преработувачки капацитети вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Основен критериум кој треба да го исполнат земјоделците е да имаат минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 хектари во производната 2022/2023 година, која пак се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100 проценти, од 50 ха до 100 ха 60 проценти и над 100 ха 30 проценти збирно за сите култури. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:климатски променикумановскоНамалениприноситесончоглед
Претходен напис Како побрзо и полесно да ги излупите печените пиперки, а еве и рецепт за вкусен ајвар готов за половина час
Следен напис Над 50 производи од 25 категории на владината листа за поевтинување, ќе бидат означени со гарантирана цена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?